Седум холивудски ѕвезди кои кариерата ја започнале во „порничи“

Патот до славата многу често е посеан и со трња, неколку мегапопуларни холивудски актерски ѕвезди пред улогите во хит филмовите кариерата ја граделе во филмовите за возрасни, популарните „порничи“.

Slikovni rezultat za Met Leblanc


Мет Ле Бланк пред улогата на Џои во хит серијата „Пријатели“ која му донесе светска слава , глумел во популарниот еротски серијал „ Red Shoe “.Slikovni rezultat za kameron dijaz

Холивудската убавица Камерон Диаз на само 19 години по прв пат се појавила гола во едно секси видео под името „ She's no angel”.Иако со тоа експресно ги привлекла вниманието на јавноста , очигледно сакала нејзината кариера да се движи во друга насока и одлучила да го тужи и однесе во затвор творецот на тоа видео, кој со истото ја уценувал. Сепак, на радост на нејзините фанови видеото се појавило и на интернет.Slikovni rezultat za dzeki cen


Легендарниот филмски карате мајстор Џеки Чен пред да ја започна славната кариера во акционите филмови и комедии во далечната 1975 година имал улога во порно филмот „ “All in the family”.
Povezana slika

Дејвид Духовни пред улогата на агентот Мулдер во мегапопуланата серија „ X Filesu “како и Мет Ле Бланк бил дел од еротската серија „Red shoe diaries“
Slikovni rezultat za сталоне

Холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне кој стана славен по улогите на Роки и рамбо во младоста глумел во порно филмот „ The Party at Kitty and Stud's“.Популарниот Слај изјавил дека во тоа време бил бездомник и немањето на пари го принудило на такво нешто.
Slikovni rezultat za helen mirren caligula

Хелен Мирен една од најпознатите светски актерки во 1979 година глумела во контроверзниот римски еп „Калигула“, кој на крајот бил забранет поради контроверзното сценарио. Според гледачите овој филм е вистинска порнографска сторија.
Slikovni rezultat za arnold schwarzenegger

Легендарниот Конак или Терминатор, Арнолд Шварценегер минал навистина импресивен пат од порно ѕвезда до гувернер. Во младоста Арнолд заработувал како модел и позирал гол во магазинот „ After Dark”, дури глумел и во филм за возрасни кој денеска тешко може да се најде.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва

Глумецот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во московската концертна сала „Крокус“, кои се наоѓаат во Националниот медицинско-хируршки центар „Н.И. Пирогов“, соопшти Министерството за здравство на Русија.

- Овој напад е страшна трагедија што не требаше да се случи. Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да му се прави на ниту еден народ, а да остане неказнето, изјави Сигал.

Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 143 лица. Како што соопшти денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.

Нападот на „Крокус сити хол“ во Красногорск, предградие на Москва, се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегле во објектот и отвориле оган врз присутните лица. Тие активирале и експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а салата изгоре целосно.

Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите

Москва не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Неколку западни функционери се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина тврдејќи дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на бојното поле. Путин се осврна на овие тврдења за време на посетата на воздухопловната база Торжок во Тверската област.

- Тоа е бесмислица, рече рускиот претседател, укажувајќи на нееднаквоста во трошоците за одбрана на Русија и буџетите на војската на НАТО.

- Тврдењата дека по Украина ќе ја нападнеме Европа – тоа е целосна бесмислица и заплашување на сопственото население само за да извлечат пари од нив, рече Путин.

„Американските сателити“ во Источна Европа немаат причина за страв, додаде Путин. Според него, разговорот за потенцијален руски напад врз Полска, Чешка или балтичките земји е само пропаганда на владите кои настојуваат да ги исплашат своите граѓани „да извлечат дополнителни трошоци од народот, за да ги натераат да го носат овој товар на своите плеќи“.

- НАТО се шири кон руските граници, а не обратно, рече Путин, додавајќи дека Русија само „го штити својот народ на неговите историски територии“.

- Тие дојдоа точно до нашите граници. Дали ние отидовме преку океанот до границите на САД? Не, тие ни се доближуваат и многу блиску се приближија, рече тој.

притисни ентер