Најпознатата вдовица остана во солзи, но е добро згрижена (фото)

Хју Хефнер зад себе остави четири деца и млада сопруга – Кристал Хефнер. Шест децении помладата Кристал, како и претходната госпоѓа Хефнер, беше “плејбој зајачица“ во неговата вила, а бурмата ја носи од 2012 година. Кристал сепак нема да го наследи 43 милијарди вредното богатство.
Сопственикот на „Плејбој“ пред оваа драстично помлада сопруга имал два брака од кои има четири деца, кои ќе го наследат.

Интересно е што пред бракот Кристал потпишала предбрачен договор според кој, како што пишуваат медиумите, ќе биде згрижена.

Foto: Getty

Сепак, таа не е дел од тестаментот на Хефнер, по негова желба.

Интересно е и тоа дека неговата сопруга не го нашла без свест, туку неговиот син.

Инаку, бракот на Хефнер и Кристал крена многу прашина во медиумите и јавноста. Во моментот кога се венчаа во 2012 година, младоженецот имал 86 години, а невестата само 26.

Foto: Getty

Сопственикот на „Плејбој“ својата избраничка ја запроси на Божиќ во 2010 година. Хефнер се огласи на твитер и запросувањето го опиша како “најубавиот божиќен викенд на кој се сеќава“.

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

18 годишниот Дилион Конери останал слеп на двете очи откако бил на една забава во ноќен клуб кој како дел од забавата користел и пејнтбол пиштоли.

Клубот ветувал “луда забава“ до раните утриснки часови. Тие дури и напишале предупредување во кое се виели не го носете вашиот омилен фустан или кошула бидејќи ќе бидете обоени во разно бои од глава до петици. Во клубот можело да се купат и заштитни очила и заштитна облека.

Шпанската полиција го истражува случајот.

Погледнете како изгледаат забавите:

Момчето се лади во дневната, но девојката не е баш среќна поради тоа

Човекот си  нашол “идеално“ решение за летото.

Поради топлотниот бран во Британија многу луѓе мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат. Овој човек отишол чекор пред сите. Си го наполнил базенот во дневната соба и си ја игра својата омилена игра.

Кога неговата девојка се вратила од работа, останала зачудена.

Погледнете:

Затворен автопат во Британија за да можат патки да поминат

Автопатот бил затворен еден час за да можат патките сигурно да го поминат автопатот.

Возачите на автопатот М25 морале да чекаат еден час за да продолжат со своето патување бидејќи автопатот бил затворен од страна на полицијата за да можат 30 патки да го поминат автопатот сигурно.

притисни ентер