Северна Кореја: Целта ни е да станеме воено моќни колку САД

Северна Кореја соопшти дека нејзината цел е да постигне „рамнотежа“ на воената моќ со САД, објави Ројтерс, цитирајќи изјава на лидерот Ким Јонг-Ун, цитиран од страна на севернокорејската државна новинска агенција КЦНА..

Нашата крајна цел е да се воспостави рамнотежа на вистинска сила со сад и да ги натераме американските раководители да не се осмелуваат да зборуваат за воено решение на конфликтот, изјавил лидерот Ким Јонг Ун.. Тој бил прикажан опкружен со неколку офицери додека гледаат како ракетата полетува пред да ја надлета Јапонија пред неколку дена. 

САД веќе ги зајакнаа санкциите против Северна Кореја како одговор на тестот за нуклеарна бомба на 3-ти септември, наметнувајќи забрана за извоз на текстил од Северна Кореја и ограничување на увозот на сурова нафта.

Заев: Градбата и развојот на Скопје да биде во дослух со граѓаните

 Градбата и развојот на Скопје мора да продолжи неизнасилено и умерено во дослух со граѓаните, порачува премиерот Зоран Заев.

– Масакар сме направиле заради тоа што градиме. Ние ќе го слушаме гласот на граѓаните. Мојата порака е градбата, развојот на Скопје мора да продолжи неизнасилено, умерено во дослух со граѓаните преку јавните анкети, преку стручните расправи, со богато зеленило внатре за да може главниот град модерно и убаво да  се развива онака како што скопјани тоа го посакуваат. Денеска кога ова го прашувате го давам одговорот на Денот на ослободувањето на Скопје. Слободата не би била комплетна ако не ни биде примамливо Скопје за живеење, за сите нас коишто доаѓаме времено во Скопје, но пред се на граѓаните на Скопје, изјави Заев одговорајќи на новинарски прашања.

Тој порача дека треба сите будно да следат, како градоначалниците кои имаат надлежност, пред се на советите што ги носат урбанистичките планови, но и јавноста, соседите на локациите, и сите заедно, како што рече, да  го чуваме Скопје, да ја чуваме околината во која живееме заради тоа што тоа е наша обврска.

Митрески: Со предлог Буџетот за 2020 вложуваме во човечки капитал, продолжува растот на платите и пензиите

Предлог Буџетот за 2020 година е потврда на заложбите на СДСМ за вистинска грижа за секој граѓанин.

Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал во зголемување на платите и пензиите и обезбедување на повеќе пари кај граѓаните.

Во Предлог Буџетот предвидени се средства за зголемување на платите од 10 отсто во образоавнието, 25 отсто за поголеми плати на лекарите специјалисти и 10 отсто за платите на медицинските сестри.

По одлуките за раст на минималната плата, растот на просечната плата, решението за  стечајните работници, растот на  социјалниот пакет за 300 отсто и уште многу други мерки, со предлог буџетот за 2020 година предвиден е раст и на пензиите.

Имајќи ги предвид економските параметри минатите две години, посебно порастот на просечната плата за повеќе од 2,297 денари, и на минималната за 4.000 до 5.500 денари, одлучивме да има и зголемување на пензиите.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која земаше од граѓаните за лажен барок, споменици, палми и криминални тендери, ние инвестираме во она што е важно за секој граѓанин.

Новиот предлог буџет за 2020 година, во здравството, образованието и социјалата, предвидува инвестиција од вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година, односно последниот Буџет.

Издвојуваме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството планирано е да отпочне проектот за изградба на новиот клинички центар во Скопје, и продолжуваме со реализација на Регионалната Клиничка болница во Штип, втората фаза на болницата во Кичево, реконструкција на болницата во Струга, како и завршните работи во болниците во Струмица и Тетово.

Одвоивме 1,4 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието, за реконструкција и изградба на училишни згради и спортски училишни сали, на студентските домови.

Во 2020 година проектиравме реални капитални расходи на ниво од 23 милијарди денари.

Инвестициите се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за  патна и железничката инфраструктура, енергетската и комунална инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на реални и одржливи политики кои имаат за цел да го подобрат животот на сите граѓани.

На прав пат сме, инвестираме во човечкиот капитал и се грижиме за сите граѓани.

Јован Митрески, пратеник на СДСМ

Бројот на административци намален од 165 на нешто под 140 илјади

 Премиерот Зоран Заев во врска со огласите за вработување во државните институции денеска изјави дека секогаш при крајот на годината има примање и трансформирање на работниот однос и оти најчесто се пополнуваат испразнетите работни места.

–  Секоја година, при крајот на годината има примање и трансформирање на работни односи воедначено. Крајот на годината е можност за сите што поминале осуммесечен, деветмесечен приправнички стаж да може да напредува, да добијат решенија за трајно вработување и слично, а крајот на годината исто така ги прави и буџетските баланси за сите оние што отишле во пензија. Нема нешто повеќе, нема нешто помалку од она што постоело во годините без разлика дали следуваат избори или не, се пополнуваат испразнети места. Знаете дека администрацијата од 165 илјади е намалена на нешто под 140 илјади. Продолжуваме со тој тренд заради тоа што севкупната рационализација и потребата во приватниот сектор е се поизразена и исклучиво веруваме дека е тоа добро за државата, изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев нагласи дека реформата во јавната администрација се одвива под буден мониторинг на Европската делегација. 

притисни ентер