ВМРО-ДПМНЕ објави кандидати за градоначалници на повеќе општини

ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе излезе со најдобрата и најквалитетна понуда за кандидати за градоначалници и советници. ВМРО-ДПМНЕ секогаш примат му дава на индивидуалниот квалитет на поединецот и неговата репутација во општетството.

Ние нудиме кандидати кои имаат визија и цел како од своето населено место, село и град да направат подобро место на живеење, со еднакви можности за успех на сите граѓани.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ја нуди најквалитетната кадровска и програмска понуда. Дозволете ми со големо задоволство да ви соопштам дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Централниот комитет му ги предлага следните кандидати за градоначалници:

• За Битола, Зоран Илиоски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на комисијата за избор и менување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола, дипломиран електротехнички инжинер, угледен и почитуван граѓанин во Битола и битолско.
• За Бутел, Дарко Костовски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, дипломиран политиколог, вработен во министерството за труд и социјална политика и актуелен советник во Советот на општина Бутел, успешен спортист и тренер на македонската Таеквондо федерација.
• За Штип, актуелниот градоначалник, Илчо Захариев, квалитетен кадар, со голем број на реализирани проекти, познат фармацевт со национално реноме, почитуван помеѓу штипјани.
• За Виница, Мартин Павлов, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, лекар со долгогодишен стаж во градот, угледен и почитуван граѓанин во поширокиот регион.
• За Чаир, Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, специјалист по дефектологија, човек со голем углед во својата професија и место на живеење.
• За Босилово, актуелниот градоначалник, Љупчо Колев, кој покажа одлични резултати во своето работење при управувањето со општината и има реализирано голем број на проекти за доброто на граѓаните.
• За Струга, Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, лекар по професија, почитуван граѓанин во Струга и струшко.
• За Свети Николе, актуелниот градоначалник на градот, Зоран Тасев, кој своето работење го одликува со голем број на ветени и реализирани проекти.
• За Ново Село, актуелениот градоначалник, Блажо Велков, човек со големи достигнувања, и голем број на остварени проекти за Босилово.
• За Василево, актуелниот градоначалник, Ванчо Стојанов, докажан и квалитетен кадар, со огромен број на реализирани проекти за граѓаните.
• За Кочани, актуелниот градоначалник, Ратко Димитровски, човек со докажани квалитети, познат и почитуван стопанственик и голем работник.
• За Ресен, актуелниот градоначалник, Ѓоко Стрезовски, градоначалник кој во изминатиов мандат има реализирано голем број на проекти за Ресен и Ресенско, човек со углед во средината на живеење.
• За Чешиново Облешево, Горан Зашов, директор на водостопанско претпријатие, почитуван и угледен граѓанин.
• За Гевгелија, актуелниот градоначалник, Иван Франгов, градоначалник со голем број на реализирани проекти, докажан пред гевгеличани со квалитетна работа.
• За Македонска Каменица, актуелниот градоначалник, Дарко Митевски, градоначалник кој има остварено голем број на ветувања и направено голем број на проекти.
• За Дојран, актуелниот градоначалник, Борче Стамов, кандидат со икслучителни квалитети, докажан како градоначалник во својата работа со многу остварени проекти.
• За Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, пратеник во Собранието на Република Македонија.
• За Зрновци, актуелниот градоначалник, Блаже Станков, кој во текот на својот претходен мандат оставари голем број на проекти и инвестиции.
• За Крива Паланка, актуелниот градоначалник, Арсенчо Алексовски, градоначалник со многу дела зад себе за граѓаните на Крива Паланка.
• За Охрид, Митко Тилев, доктор специјалист по ортопедија, вработен во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид, почитуван во својата професија и помеѓу жителите на градот, како работлив и човек од збор.
• За Сопиште, актуелниот градоначалник, Стефче Трпковски, кој оваа општина ја направи едно од најатрактивните места за живеење.
• За Богданци кандидат за градоначалник е Никола Роглев, човек од народот, докажан во својата работа, кој ќе го врати сјајот на оваа општина.
• За општина Маврово Ростуше кандидат за градоначалник е Алим Билали, актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и голем работник.
• За Долнени, Пецо Вајгалевски, актуелен претседател на Општинскиот Комитет, вреден и одговорен човек кој влева доверба кај гласачите.
• За Кавадарци кандидат за градоначалник е Митко Јанчев, познат стопанственик, успешен човек, кој остварил голем број успеси во приватниот сектор, кој може многу да придонесе и за развојот на Кавадарци.
• За Неготино кандидат за градоначалник е Златко Пенков народен човек кој ужива голем углед помеѓу граѓаните.
• За општина Крушево кандидат за градоначалник е Ѓорги Дамчески кој реализираше многу проекти во интререс на граѓаните и човек кој ќе го врати Крушево на туристичката мапа.
• За општина Дебрца кандидат е Игор Трајковски, актуелен градоначалник докажан со многу реализирани квалитетни проекти.
• За Демир Хисар, актуелниот градоначалник, Љупчо Блажевски, почитуван и угледен граѓанин, кој како градоначалник има реализирано голем број на проекти.
• За Ранковце, Роберт Симоновски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, почитуван граѓанин и голем работник.
• За Чашка, Зоран Здравевски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка,
• За Јагуновце, актуелниот градоначалник, Тони Коцески, градоначалник со голем број на остварени проекти позади себе.
• За Карбинци, актуелниот градоначалник, Зоран Минов, кој има остварено голем број на проекти.
• За Конче, актуелниот градоначалник, Благој Јованов, кој една од најмалите општини ја претвори во убаво место за живеење.
• За Пехчево, актуелниот градоначалник, Игор Поповски, истиот зад себе има многу реализирани проекти и инвестиции.
• За Пробиштип, актуелниот градоначалник, Тони Тоневски, кој има реализирано голем број на проекти и инвестиции.
• За Градско, актуелниот градоначалник, Жанета Чаушевска, докажан и квалитетен кадар, која има реализирано поголем број на проекти за својата општина.
Овие кандидати како и досега промовираните кандидати се потврда на нашиот приоритет и понатаму да работиме посветено на континуиран развој на општините и квалитетно на живеење на граѓаните. Тие ќе бидат тимот кој ќе продолжи да гради нови улици, училишта, градинки, локални патишта, да ја подобрува комуналната услуга, да изгради нова инфраструктура и пред се да биде подобар сервис за потребите и барањата на граѓаните.

Фустаните на принцезата Дијана се изложени во Хонг Конг, пред да се продадат на аукција (ФОТО)

Светло жолта јакна, обложена на рамената и украсена со блескави позлатени копчиња, што ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња облека, изложени во поранешната британска колонија.

Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена, пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата „секогаш кога се облекуваше и излегуваше“, рече Мартин Нолан, директор на Џулиенс, аукциска куќа со седиште во Калифорнија.

Познатата јакна на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, додека вечерниот фустан со сини ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.

Изложена е и вечерна тоалета од свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн, каки и цветен фустан на Кетрин Вокер, кој Дијана го носеше во 1991 година на бдеењето на нејзиниот близок пријател Адријан Вард Џексон.

Многу луѓе се натрупаа во малиот изложбен простор. Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се сеќава како толпата ги преполнила улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. "Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг", вели Фунг.

Во 2023 година, аукциската куќа Julien's продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милиони долари.

Ристовски: Уценувачката екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денеска ја започна  кампањата во изборната единица 3 каде носител е докторот на ветеринарна медицина,  Јордан Николов. 

Претседателот на ИНТЕГРА во Велес истакна дека се битни две работи од програмата на кои ќе се фокусираат –излез од сиромаштијата и враќање на достоинството.

„Вие знаете дека се е во рацете на ДУИ, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат се повеќе аргументи и ги прифаќаат нивните екстремизми. ДУИ и Бујар Османи ги разоруваат односите на Македонија со соседите, имаат негативна предавничка улога во однос на Преспанскиот договор во однос на Бугарската спогодба, во однос на сегашниот момент и проблемите што ги раѓа Францускиот предлог и притисокот за промена на Уставот, а ги загрозуваат односите и со Србија, ваквата уценувачка екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен“.

„Немаме перспектива со изборот помеѓу СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, и двете партии се седнати во скутот на ДУИ и нема да можат да се отргнат заради желбата по секоја цена да се на власт, да се докопаат до буџетот и да ги трошат буџетските пари. Нив не ги интересира Македонија ниту македонскиот стратегиски интерес“, рече Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА.

Во однос на сиромаштијата во која тоне Македонија, тој кажа дека многу семејства живеат со под 100 денари на ден, луѓето се плашат дали ќе го преживеат следниот ден.

„Ние ја таргетираме сржта на проблемот, покрај огромната корупција, државата не успеа да даде одговор за животниот стандард на населението. Коалицијата нуди решителен одговор, ќе се намалат даноците на три основни производи-лебот, млекото и маслото за јадење“, се наведува во партиското соопштение.

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

притисни ентер