Средба Заев – Рахман: транспарентно работење за релаксирана атмосфера во економијата

Се чувствува транспарентното работење на владата со што се релаксира атмосферата на економски план и отвора шанси и можности за развој низ одржлива финансиска стабилност на државата е заедничкиот став на премиерот Зоран Заев и шефицата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија Јесемин Рахман.
Премиерот Заев на средбата посочил дека заложба на владата е да го зголемува процентот на БДП, без да го зголемува дефицитот на државата.
Премиерот Заев соопштил и дека новата влада скратила милиони евра непродуктивни трошоци а парите се пренасочени кон проекти за капитални инвестиции, што ќе го покаже и буџетот за 2018 година.

-Нашата цел е финансиска стабилност на граѓаните и семејствата. Покрај политиките на поддршка на домашните претпријатија насочени сме кон градење пријателски односи со соседите, регионот и земјите членки на еу и НАТО од што веќе имаме првични резултати на заинтересираност на странски инвеститори за вложувања во Македонија. Политиките на владата насочени кон стратешките цели на република Македонија, евро-атлантските интеграции се дополнително охрабрување за домашните и странските инвеститори и оттаму со право веруваме дека економската клима во државата ќе даде видливи резултати, истакнал премиерот Заев, стои во соопштението од владината прес служба.

Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер