Комисијата за култура ги усвои измените на Законот за употреба на македонскиот јазик во прво читање

Собраниската Комисија за култура на продолжението на втората седница денеска едногласно ги усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонски јазик во прво читање и активностите за подготовка на Предлог-програма за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски го образложи Предлог-законот и посочи дека заради несоодветното законско решение, Советот за македонски јазик во неколку наврати укажувал на неприменливоста на новоутврдениот начин на полагање на испитот за добивање на лекторска лиценца.

- Се бараше измена на Законот за употреба на македонскиот јазик со која повторно ќе се воведе стариот начин на полагање на лекторскиот испит. Имено, до 2012 година лекторскиот испит се полагаше пред комисија, составена од стручни лица од соодветната област, а формирана од страна на министерот за култура. Заради деблокирање на процесот за полагање на лекторскиот испит, кој датира од 2013 година, се предлага измена во текстот на овој Предлог-закон, односно испитот да се полага пред комисија, а не компјутерски за што се потребни соодветни измени на неколку одредби, изјави Алаѓозовски.
Пратеничката Елизабета Канческа Милевска укажа дека Министерството за култура тука нема никаква обврска, бидејќи тоа паѓа на комисијата за што, како што рече, треба да се води сметка за капацитетот при изборот.

Членовите на Комисијата за култура едногласно го усвоија заклучокот со кој овој Предлог-закон во прво читање е прифатлив и тој оди на пленарна седница.

Претходно, Комисијата едногласно го усвои заклучокот со кој Службата на Собранието треба да подготви и испрати писмено барање до сите државни органи, јавни служби, научни институции, здруженија на граѓани и други заинтересирани субјекти најдоцна до 1 ноември 2017 година до Комисијата да достават предлози за одбележување на јубилеи и значајни настани и личности во текот на 2018 година. Комисијата за култура треба да основа работна група за разгледување на предлозите, чиј состав ќе биде дополнително утврден.

Пратеникот Енес Ибрахими предложи, бидејќи во Македонија нема доволен број институции со кои се застапени турската заедница и другите заедници, Комисијата да испрати допис и до Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците и до независните организации и агенции, кои се занимаваат со правата на сите помалубројни заедници, како и до барем една невладина организација од сите заедници. 

Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер