Истекува рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори

Денеска на полноќ истекува законскиот рок до кога политичките партии до ДИК треба да ги достават листите на кандидати за градоначалници и советници.

Општинските изборни комисии потоа ќе имаат рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати утврдува дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на изборниот законик.
Потврдените листи потоа треба да бидат достави до ДИК, најдоцна до 16 септември заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати.
Според роковникот за изборни дејствија, жрепката треба да се одржи на 18 септември..

Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер