Заев најави нов пакет мерки за привлекување странски инвестиции

Владата ќе продолжи со политиката на создавање услови за привлекување странски инвестиции, но државната помош за нив ќе зависи од нивните резултати, најави премиерот Зоран Заев на денешната средба со бизнисмените од македонско-германското стопанско здружение.
Утре ќе биде објавен и пакет мерки за  поддршка на странските компании. Ќе содржат три главни столба – за поддршка на гринфлд и браунфилд инвстиции, за компании што веќе работат за да продолжат и понатаму да растат, и за рестартирање на компании кои се во стечај и ликвидација.

- Сите оние компании кои се подготвени да испорачаат раст на својот приход во текот на тековната година ќе бидат финансирани и поддржани од државата во текот на наредната година во облик  на поврат на одредени средства, но тие средства нема да бидат враќани во дискрециско право на преговарање, туку средствата ќе бидат враќани исклучиво во одредени критериуми и подеднакви за кој било инвеститор дали е гринфилд инвестиција или станува збор за постојни економски капацитети, рече Анѓушев.

Во германските инвестиции во земјава работат повеќе од 15.000 македонски граѓани, а од година в година, посочи директорот на Германската компанија расте и трговската размена помеѓу двете земји.

Странските инвеститори во наредниов период да помогнат во изнаоѓање решенија, апелираше Заев, за мерките да започнат да функционираат до крајот на годината. 

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер