Странските инвеститори добиле 225 милиони евра

Владата ги објави податоците за странските директни инвестиции.
 Владата за 10 години (2007 до мај 2017 година) потрошила 225 милиони евра за 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица. 

Вработени се 20 илјади лица. Но, тоа не биле новоотворени работни места туку превземени од стопанството. 

„Во однос на вработувањата, не се работело за нови вработувања, туку во најголем дел биле работници преземени од македонското стопанство. Договорите биле склучени во затворен круг, немло документи или критериуми за преговарање, преговарале министри, советници, посредници без критериуми и сите податоци биле тајни. Тајните договори биле склучувани без критериуми, некои добивале повеќе, а некои помалку. Сите овие договори се важечки и Владата ќе ги исполни договорените обврски со сите компании“, рече Бошњаковски.

Странските инвеститори биле ослободени од данок и царини во висина од 69 милиони евра, пари од кои се откажала државата.


Министерот Никола Димитров се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Според соопштението на МНР ,на средбата се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

МИнистетот Димитров изјави : „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор”.

Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.  

„Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа.”, рече Димитров по средбата. 

Загинати и повредени во силна експлозија во склад за пиротехника (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и уште 27 се повредени во силна експлозија во склад за пиротехника во Шпанија.

Експлозијата настанала во илегален склад за пиротехника на северзапад на земјата , во близина на градот Туи. Полицијата соопштува дека експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на сите објекти во радиус од три километри.

На терен се бројни спасувачки служби , кои бараат преживеани во урнатините. Градобначалникјот на Туи , Васкез Падин изјави дека складот се наоѓал во куќа , која е целосно разорена.

Судот му забрани на Трамп да блокира на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да смее да ги блокира корисниците на Твитер.

Федералниот судија во Њујорк , Наоми Рејс Бучвалд донесе одлука Американскиот претседател Доналд Трамп да не смее веќе да ги блокира корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Според одлуката на судијката со таквиот потег Трамп го загрозува нивното право на слобода на говор , пропишано во Првиот амандман од Уставот на САД. Одлуката е донесена како резултат на тужбата , која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија , кој се занимава со проучување на примената на Првиот амандман на Уставот на САД .

На Институтот во тужбата му се приклулија и неколку корисници на Твитер , кои биле блокирани од претседателот Трамп по коментарите што ги објавиле на неговите објави.

притисни ентер