Има ли етичка и морална одговорност кај вицепремиерот Анѓушев?

Сопственикот на фирмата ги креира целите на компанијата, управителот го слуша и ги спроведува, вака поранешниот антикорупционер, Воислав Зафировски го коментира случајот со фирмата на Анѓушев, која ќе се наддава за државен тендер.
 Со тоа, вели, сопственикот секогаш е заинтересиран за сопствената фирма, добро да работи.

Сите етички дилеми се отвораат токму заради функцијата која ја обавува Анѓушев, вицепремиер на владата на Р. Македонија. Самото тоа што тој е вицепремиер, само тоа  што тој лично ги прозва оние што го спроведоа тендерот кој го дови „Трансмет“ зошто не дале негативна рефернца за „Трансмет“, а не знам зошто би дале негативна рефернца кога правно и тој случај е сосема чист. Зошто сега наеднаш бегаме од фактот дека на извесен начин влијаеме со позицијата која ја носиме“

За адвокатот Драги Малиновски во знак на прашалник е влијанието на Анѓушев врз работата на управителот во фирмата.

„Од позиција на сопственик да влијае, повторно велам, може да биде, но и не мора да биде, така што тоа треба да се оценува од секојдневните потези на вицепремиерот во неговото функционирање“, изјави адвокатот Драги Малиновски. 

Фирмата на вицепремиерот Анѓушев ќе се трка за државен тендер од ЕЛЕМ. Досега од Електрани на Македонија поништија два тендери поради жалби на конкурентите. Првично тендерот на „Фероинвест“ требаше му донесе околу 2,2 милиони евра. Третото наддавање, за набавката на гумените ленти за потребите на РЕК – Битола, треба да се одржи до крајот на неделава. Од ЕЛЕМ велат дека не можат фирмата на Анѓушев да ја тргнат од тендерската постапка, бидејќи нема законски пречки.


Протести пред Собранието против договорот со Грција

Голем протестен собир против договорот Грција, се одржува вечерва пред собранието, во организација на иницијативата „Млади за Македонија“.

 За атмосферата и пораките погледнете го јавувањето на Тамара Стојкова од пред Собрание.

Ципрас и Рама в четврток во Брисел треба да потпишат меѓудржавен договор

По завршувањето на преговорите со Македонија, Грција во дипломатска офанзива да ги затвори отворените прашања и со Албанија. 

По завршувањето на преговорите со Македонија, Грција во дипломатска офанзива да ги затвори отворените прашања и со Албанија. Официјална Тирана и Атина го финализирале текстот на спогодбата  помеѓу Албанија и Грција за надминување на билатералните проблеми.. Текстот на спогодбата бил усоласен меѓу министрите за надворешни работи на Албанија и Грција - Козијас и Бушати на островот Родос на маргините на одржувањето на конференцијата за регионална безбедност и стабилнсот. Потпишувањето на овој документ од страна на премиерите на Албанија и Грција Алексис Ципрас и Еди Рама е најавено за време на одржувањето на самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни.. Во текстот на спогодбата како што пренесуваат грчките дел од грчките медиуми се регулира прашањето на морската граница меѓу двете држави, опфатено е и укинувањето на законот за воена состојба, правата на грчкото малцинство во Албанија но според дел од албанските медиуми нема ништо за протераните Албанци од северниот дел на Грција за кои грчките претставници секогаш изјавуваат дека тоа прашање за нив не постои. Премиерот на Албанија Еди Рама преговите ги оцени како тешки со нагласени тензии, но неговата влада сакала да ги надмине прашања што создавале тензии меѓу двете земји по соборувањето на комунистичкиот режим во Албанија.

„Инвестиравме за да се создадат стратешки долгорочни односи со Грција. Тоа не беше толку лесно бидејќи во текот на преговорите имаше големи тензии, но не поради тоа што сакавме да ги расипеме односите со Грција, туку да ги поправиме сите односи што беа создадени по промената на системот за на крајот сè да излезе на добар пат“, Еди Рама.

Според детали кои ги објавуваат грчките медиуми Албанија на Грција ќе и одстапи 12 милји од своите територијални води на Јонско Море на чие дно се проценува дека има големи резерви на нафта и гас а Грција пак ќе го поништи законот за војна со Албанија донесен пред околу седумдесетина години.

Поранешниот албански премиер Сали Бериша предвидува драматични настани во регионот ако актуелниот премиер Еди Рама ја потпише спогодбата со Грција за новите граници. Во интервју за тиранската телевизија „Клан“, Бериша изјавил дека ако Рама ја потпише спогодбата тоа може да доведе до балканска војна.

Ова што го подготвува премиерот Рама е нова поделба на албанските простори по што може да се предизвика конфликт . Договорот е на штета на Албанија и значи губење на нови простори по 1913 година. Имаме информации дека спогодбата е катастрофална за Албанија. Текстот е подготвен од страна на Грција која укажала дека нема да преговара- Бериша.

Доколку договорот биде ратификуван во парламентот ќе биде потребен и потпис од Албанскиот претседател Илир Мета кој пак побара подетални информации околу разговорите додавајќи дека кон договорот ќе делува спроед неговите уставни надлежности

Американската „Dura Automotive Systems“ ќе отвори фабрика во Македонија

Американската компанија од автомобилска индустрија „ДУРА Аутомотив Системс“ ќе отвора фабрика во Бунарџик, соопштија од Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони.

Владата потпиша договор за долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ зоната.

Фабриката ќе се простира на површина од околу 16 илјади метри квадратни. Според најавите следното лето се очекува да започне со работа.

Иницијалното производство во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили. Потенцијалното проширување би вклучило прототипско производство, дизајнирање и производство на алати и екструзија на алуминиум.

Се очекува да вработи околу 500 луѓе.

Компанијата е глобален снабдувач на оргинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот.

Ова ќе биде нивна 37-ма локација во светот и 16-та во Европа.

Освен оваа за која вчера бил потпишан договорот - Владата неодамна се пофали дека е во разговори со 200 компании, од кои 30тина во завршна фаза на разговор.

Инаку во првиот квартал годинава влезени се 235 милиони евра директни странски инвестиици, што претставуваа најуспешен квартал од било кое тромесечие од последниве 10 години.

притисни ентер