Трагачи по злато масакрирале домородно племе во Бразил

Најмалку десетмина припадници на домородно племе се брутално убиени од група трагачи по злато во регионот на амазонскиот басен во Бразил, на границата со Колумбија.

Според Ројтерс, масакрот се случил во природното живеалиште на племето, по што нивните тела биле искасапени и фрлени во река. Бразилското обвинителство веќе покренало истрага за настанот, што се случил во долината Јавари, втор најголем домороден резерват во Бразил.

Меѓу убиените имало и жени и деца, а информацијата произлегла од самите ловци на злато кои за злосторствата се пофалиле во ноќен клуб. Ако истрагата ги потврди извештаите, тоа ќе биде уште еден геноциден масакр, кој е директна последица на неуспехот на бразилската влада да ги заштити изолираните племиња, обвинија активистите за човекови права.


Оваа српска актерка е кума на Цеца Ражнатовиќ, а речиси никој и не знае за тоа (фото)

Овој детаљ многумина не го знаат.

Иако веројатно сте претпоставувале дека кума на Светлана Цеца Ражнатовиќ е некоја колешка од естрадата или некој од светот на политиката, всушност се работи за една српска актерка, пишува порталот Glossy.

Причина за тоа што не ја гледаме во друштво на Цеца или генерално во јавноста е што таа одредено време живеела во Америка, па со сопругот и синот сега се вратила во Србија.

Станува збор за актерката Љубинка Клариќ, која долга низа години е добра пријателка со Цеца, а тоа што ретко кој го знае е дека покрај пријателството ги спојува и кумство.

 

A post shared by Ljubinka Klaric (@ljubinkaklaric) on

Урнебесна фотографија на соблекувала на црногорска плажа ги запали социјалните мрежи (фото)

Со топлите летни денови луѓето едвај чекаат да отпатуваат на море за да се опуштат и одморат.

Македонци традиционално одат во Црна Гора во голем број, а токму една фотографија од Сутморе направила вистински хаос на социјалните мрежи.

Имено, на Фејсбук страната „Подгорички времеплов“ може да се види соблекувална сместена на врв на куп големи камења. На многумина им било смешно што соблекувалната е поставена токму таму, затоа што многумина туристи на плажата воопшто не може да дојдат до неа.

Започнаа да се редат коментари во кои се исмејува ваквата постапка: „Ова само зборува за тоа колкава сила е потребна кога вака  е донесено на плажа“, „Сталоне тука се пресоблекувал кога го снимал Алпинист...“, „Соблекувалната и пркоси на гравитацијата“, „Тоа е тој висок туризам“...

Предупредување за ужасен нов трик:Ако видите пластично шише на тркалото на вашиот автомобил може да се најдете во опасност (видео)

Полицијата постојано ги следи криминалците кои ги крадат и ограбуваат возачите и нивни автомобили , особено како што се појавуваат нови методи во кои крадците и тоа како се уште поуспешни.

Сега полицијата предупредува на нов трик кој крадците го користат за да украдат вредни работи или дури да го украдат и вашето возило. Крадците ставаат празно шише на десното тркало, каде возачот не може да го види, а тогаш чекаат. Кога ќе го стартуваат возилото и тргнат, возачите слушаат невообичаена бучава и поради тоа што не знаат за што се работи првиот инстинкт им е да излезат од возилото и да погледнат што се случува. Во тој момент крадците започнуваат со реализација на нивниот план .Додека возачот го прегледува автомобилот, крадецот има пристап до отклученото возило, може да земе вредни работи од него или дури ако возачот ги оставил клучевите може да го украдат целиот автомобил.

притисни ентер