Околу милион луѓе побараа отцепување на Каталонија

Стотици илјади Каталонци се собраа во Барселона, барајќи отцепување на регионот од Шпанија, три недели пред закажаниот референдум за независност.

Според проценките на полицијата, во Барселона имало околу милион луѓе кои во боите на каталонското знаме ги преполниле улиците на градот.
Голем дел од нив носеа пароли со порака „Збогум Шпанијо“ во момент кога се разжестува реториката меѓу богатата североисточна покраина и шпанската централна влада.

За први октомври е закажан референдум за самоопределување. Шпанскиот уставен суд го забрани, но каталонските власти најавија дека ќе го одржат граѓанското изјаснување.

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

Полицијата упадна во станот на телохранителот на францускиот претседател

Канцеларијата на обвинителството во Париз соопшти дека истражувачите влегле во станот на еден од главните телохранители на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие влегле во станот на телохранителот кој во мај е снимен како претепува демонстрант.

Елисејската палата го отпуштила телохранителот на Макрон, Александар Бенала пред полицијата да упадне во станот во париското предградие Иси-ле Молино.

Тој од страна на дневниот весник Монд беше идентификуван како човекот со полициски шлем кој на протестите на 1 мај тепал демонстранти. Тој и уште едно лице од утре ќе бидат под надзор на полицијата и им се заканува подигнување на обвинение.

Учеството на Бенала во претепувањето за Макрон стана најголемата политичка криза од почетокот на неговиот мандат минатата година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб следната недела во парламентот ќе одговара на прашања, за да се утврди дали дошло до пропуст на владата.

притисни ентер