Адријана Лима во ,,опасно “ фустанче

Адријана Лима ги збуни присутните на промоција во Њујорк , каде се појави во мини фустан со провокативен крој .
Бразилската манекенка го привлече вниманието на сите на промоцијата на книгата на фотографите Мерт Алас и Маркус Пигот во хотелот Паблик во Њујорк.
Поранешниот ангел на ,,Викторија сикрет” беше облечена во црно мини фустанче со сив ракав и асиметричен изрез.  

Познатиот актер проговори за насилството врз сопругата

Ѕвездата на филмот „Deadpool 2”, 50 годишниот актер Џош Бролин се одлучи да проговори за семејното насилство за кое го обвини неговата жена во 2004 година.

Пред 14 години се одвивала вистинска драма во куќата на славниот актер Џош Бролин.

Неговата сопруга, актерката Дајан Лејн го обвинила за насилство, наведувајќи дека во текот на расправијата сопругот ја удрил. Овие обвиненија предизвикаа вистински скандал во јавноста, а брачниот пар се разведе дури во 2013 година.

Денес актерот порачува дека овој случај на насилство може да го објасни само неговата “неверна“ поранешна сопруга.

„Боже, никогаш не сум ги одбирал така внимателно зборовите како сега, не можам да објаснам. Единствената личност која може да објасни е Дајан“ – нагласил актерот кој после пријавата во полиција, бил уапсен и морал да плати кауција од скоро 20.000 долари.

Син на милијардер осуден за монструозно убиство

Блејк Лејбел , син на канадски милијадер е осуден за монструозно убиство на сопствената девојка.

Блејк Лејбел е осуден во јужна Калифорнија за убиството на неговата девојка , Иана Касиа. Поротата го осудила 37 годишниот Лејбел , кој ја убил и сакател девојката , која само неколку недели претходно му родила дете.Нему му се заканува казна доживотен затвор без можност за помилување , иако обвинителството даде предлог и за смртна казна.

Лејбел ја сакател и убивал 30 годишната девојка според ликот во неговиот стрип . Тој , како автор на стрипот ,,Синдром “  , го најавил бруталното убиство . На три недели од раѓањето на нивната ќерка , синот на милијардерот ја сакател девојката , а додека таа трпела невидена болка ,ја одржувал во живот.

Злосторството се случило во мај 2016 година , а судот во Лос Анџелес вчера го прогласи за виновен. Полицијата го нашла голото осакатено тело на Иана во стан во Холивуд , а Лејбел стоел покрај неа. Убиството го пријавила нејзината мајка , која не можела да стапи во контакт со ќерката.

Случајот предизвика огромно внимание и во Канада , бидејќи таткото на убиецот е поранешен Олимпиец , кој по завршувањето на спортската кариера зареаботи огромно богатство во бизнисот со недвижности.

Современа блогерка живее гола во џунгла

Австралиската блогерка позната под името ,,Банана девојка”реши да избега од цивилизацијата .

Фрили заедно со нејзиниот дечко заминаа во џунгла во Јужна Америка , каде секојдневно објавува постови на Инстаграм во кои нејзините фанови ги учи на здрав живот. Таа вели дека престанала да се шминка и да се депилира и заштедила за шест месеци 4 000 долари.

Таа е позната по советите за веганска исхрана , за состојките за смути , а сега објаснува како е да се биде гола во природа. Таа на своите фанови , кои и замеруваат што е гола на секоја фотографија им одговара дека и натаму ќе се слика гола , зашто не носи гардероба , обувки , не се шминка . ,, Да , гола сум во шума . Сега се чуствувам добро . “ , вели блогерката .

Оваа 37 годишна Австралијка вели дека избергала од животот од девет до 17 часот и дека телото сега и се чуствува ослободено . Се капи во монсубнските дождови и пие вода од извор , вели ,,Банана девојката “, која на социјалните мрежи освен  рецепти за здрава исхрана како досега , споделува и совети за преживување во дивина.

притисни ентер