Разводот е во тек, мажот објави СМС пораки: Пејачката земала кокаин пред децата?

Мел Би и нејзиниот сопруг Стивен Белгонте, од кого се разведува, не се штедат еден со друг во парницата која е премногу “валкана“.
Една интимна преписка стана јавна, а открива дека пејачката наводно, користела опијати во присуство на децата.

Имено, Стивен како доказ на суд ги ја прилози СМС преписката меѓу него и неговата поранешна партнерка, но и нивниот брачен терапевт Чарлс Софија.

Тоа што било дел од нивен приватен разговор, сега е дел од судскиот процес.

Иако материјалот е доказ на суд и не смее да се прикажува надвор од судницата, поради вниманието на медиумите кој го следат овој развод, материјалот дошол до широката јавност.



Најшокантниот дел од преписката се деловите кои упатуваат на тоа дека Мел Би пред децата користела кокаин.

Стивен кој со поранешната жена води спор и околу старателството над ќерката, тврди дека пејачката употребувала и други видови на дрога, како и тоа дека сега се лекува од алкохолизам.

Познатиот актер проговори за насилството врз сопругата

Ѕвездата на филмот „Deadpool 2”, 50 годишниот актер Џош Бролин се одлучи да проговори за семејното насилство за кое го обвини неговата жена во 2004 година.

Пред 14 години се одвивала вистинска драма во куќата на славниот актер Џош Бролин.

Неговата сопруга, актерката Дајан Лејн го обвинила за насилство, наведувајќи дека во текот на расправијата сопругот ја удрил. Овие обвиненија предизвикаа вистински скандал во јавноста, а брачниот пар се разведе дури во 2013 година.

Денес актерот порачува дека овој случај на насилство може да го објасни само неговата “неверна“ поранешна сопруга.

„Боже, никогаш не сум ги одбирал така внимателно зборовите како сега, не можам да објаснам. Единствената личност која може да објасни е Дајан“ – нагласил актерот кој после пријавата во полиција, бил уапсен и морал да плати кауција од скоро 20.000 долари.

Син на милијардер осуден за монструозно убиство

Блејк Лејбел , син на канадски милијадер е осуден за монструозно убиство на сопствената девојка.

Блејк Лејбел е осуден во јужна Калифорнија за убиството на неговата девојка , Иана Касиа. Поротата го осудила 37 годишниот Лејбел , кој ја убил и сакател девојката , која само неколку недели претходно му родила дете.Нему му се заканува казна доживотен затвор без можност за помилување , иако обвинителството даде предлог и за смртна казна.

Лејбел ја сакател и убивал 30 годишната девојка според ликот во неговиот стрип . Тој , како автор на стрипот ,,Синдром “  , го најавил бруталното убиство . На три недели од раѓањето на нивната ќерка , синот на милијардерот ја сакател девојката , а додека таа трпела невидена болка ,ја одржувал во живот.

Злосторството се случило во мај 2016 година , а судот во Лос Анџелес вчера го прогласи за виновен. Полицијата го нашла голото осакатено тело на Иана во стан во Холивуд , а Лејбел стоел покрај неа. Убиството го пријавила нејзината мајка , која не можела да стапи во контакт со ќерката.

Случајот предизвика огромно внимание и во Канада , бидејќи таткото на убиецот е поранешен Олимпиец , кој по завршувањето на спортската кариера зареаботи огромно богатство во бизнисот со недвижности.

Современа блогерка живее гола во џунгла

Австралиската блогерка позната под името ,,Банана девојка”реши да избега од цивилизацијата .

Фрили заедно со нејзиниот дечко заминаа во џунгла во Јужна Америка , каде секојдневно објавува постови на Инстаграм во кои нејзините фанови ги учи на здрав живот. Таа вели дека престанала да се шминка и да се депилира и заштедила за шест месеци 4 000 долари.

Таа е позната по советите за веганска исхрана , за состојките за смути , а сега објаснува како е да се биде гола во природа. Таа на своите фанови , кои и замеруваат што е гола на секоја фотографија им одговара дека и натаму ќе се слика гола , зашто не носи гардероба , обувки , не се шминка . ,, Да , гола сум во шума . Сега се чуствувам добро . “ , вели блогерката .

Оваа 37 годишна Австралијка вели дека избергала од животот од девет до 17 часот и дека телото сега и се чуствува ослободено . Се капи во монсубнските дождови и пие вода од извор , вели ,,Банана девојката “, која на социјалните мрежи освен  рецепти за здрава исхрана како досега , споделува и совети за преживување во дивина.

притисни ентер