Изложба „4 Идеи / Ремикс“ во галеријата „Акантус“

Во галеријата „Акантус“ во Скопје, вечерва ќе биде отворена изложбата насловена 4 Идеи / Ремикс. На изложбата свои дела ќе изложат четворица современи македонски автори: Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски, а куратор на изложбата е Јованка Попова, информираат од галеријата „Акантус“.

- Изложбата „4 Идеи / Ремикс“  следи четири генеологии на концептуално и визуелно обмислување и изразување кои се ставени во меѓусебен дијалог поставувајќи контекст за делата остварени во рамки на проектот „Everything Matters Prototypes“ во реализација на Проектниот простор „Прес ту егзит“ од Скопје, велат од галеријата.

Оттаму информираат дека делата на уметниците се надоврзување на веќе остварените во рамки на проектот „Everything Matters Prototypes,  кој го третира концептот за производство на прототипи на предмети кои функцираат и како уметнички објекти, тестирајќи го денешниот културен и социо-економски контекст. Проектот е со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, соопштуваат од галеријата „Акантус“.
Инаку, изложбата ќе биде отворена до 21 септември. 

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

Полицијата упадна во станот на телохранителот на францускиот претседател

Канцеларијата на обвинителството во Париз соопшти дека истражувачите влегле во станот на еден од главните телохранители на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие влегле во станот на телохранителот кој во мај е снимен како претепува демонстрант.

Елисејската палата го отпуштила телохранителот на Макрон, Александар Бенала пред полицијата да упадне во станот во париското предградие Иси-ле Молино.

Тој од страна на дневниот весник Монд беше идентификуван како човекот со полициски шлем кој на протестите на 1 мај тепал демонстранти. Тој и уште едно лице од утре ќе бидат под надзор на полицијата и им се заканува подигнување на обвинение.

Учеството на Бенала во претепувањето за Макрон стана најголемата политичка криза од почетокот на неговиот мандат минатата година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб следната недела во парламентот ќе одговара на прашања, за да се утврди дали дошло до пропуст на владата.

притисни ентер