Серена Вилијамс роди девојче

Поранешната најдобра светска тенисерка, Американката Серена Вилијамс, стана мајка, откако во клиника во Флорида роди девојче. Таа за првпат стана родител заедно со својот партнер, Алексис Оханијан.
Како што информира „Си-Би-Ес“, Серена Вилијамс се породила во приватната клиника „Сент Мери“, а побарала за неа да биде изнајмен цел кат од клиниката, каде никој не би имал пристап, освен партнерот Алексис и најблиските од нејзиното семејство.

Серена Вилијамс на 20.април објави дека е бремена и официјално се повлече од тениските терени, но потенцираше дека тоа не значи и дефинитивен крај на нејзината тениска кариера, иако има 35 години.

Ниту фановите не и веруваат на Ники дека е во врска со Еминем (ВИДЕО)

Ники Минаж објави дека е воврска со Еминем , иако популарниот рапер уште молчи.

Ники Минаж на својот Инстаграм објави ивидео во кое рапува дека е во врска со Еминем. Откако е објавена нејзината песна ,, Big Bank” , Ники на Инсаграм го спомна Еминем , по што еден од фановите ја праша дали е бво врска со него.

На тоа Ники одговори потврдно , што предизвика бројни реакции не само кај фановите , туку и во музичкиот свет. Повеќето се скептични и сметаат дека станува збор за рекламен трик за промоција на нејзината нова песна , уште повеќе поради тоа што Еминем не се огласил на оваа вест.  

На аукција најстарите вина на светот – цена и до 20 000 евра

На аукција во Франција утре ќе се најдат три шишиња жолто вино ,,Арбоа” од 1774 година.

Тоа се смета за најстаро сочувано вино на светот.  Аукциската куќа ,, Jura Encheres” по шише проценува дека вредат меѓу 15 000 и 20 000 евра. ,,Експертите во 1994 го дегустирале ова вино и му дале оценка 9,4 од можни 10 поени,рече аукционерот Филип Етјеван пред наддавањето што ќе се одржи утре.

Слични вакви шишиња на аукција во 2011 достигнаа 57 000 евра. Виното  “Vin Jaune” во шишиња од 87 центилитри се произведени од винарот Анатол Версел ,а грозјето е собрано од лозјата што му припаѓале на кралот Луј XVI.

Од тогаш виното е чувано во визба во амлото место Арбоа на границата со Швајцарија. На аукцијата во местото Лон ле Суниер , што се наоѓа во близина на визбата, ќе се продаваат вкупно 102 вина од регионот Арбоа , меѓу кои и од поново производство  , од 1811 година.

Стјуард направи забава за паметење (ВИДЕО)

Стјуард им приреди забава на патниците на Рајан Ер на летот од Џенова до Борнмут.

Стјуардот Паоло , откако со колегите им подели освежување на патниците , на неколку минути пред слетувањето заигра на пената на Бритни Спирс ,,Toxic”.Настапот го почна со соблекување на палтото , а потоа продолжи да игра до крајот на песната. Патниците , пријатно изненадени , го снинмаа невообичаениот настап.

,, Забавата ни ја најавија преку микрофон . Не можев да поверувам . Тоа се моменти што не ги гледаш од прва рака , туку само на интернет. На сите им се допадна , на крајот сите аплаудиравме .”изјави една од патничките.

притисни ентер