Заврши снимањето на краткиот игран филм „Магнолија“

Неделата што измина, во периодот од 20 до 23 август беше снимен краткиот игран филм „Магнолија“ во режија и сценарио на Ана Опачиќ, информираат од „Пик Продукција“.

Улогите ги толкуваат Искра Ветерова, Сенко Велинов и Никола Стефанов, а директор на фотографија e Љуљзим Луиџи Бејта.
Од продуцентската куќа наведуваат дека филмски проект е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, во продукција на „Пик Продукција“ и копродукција со  „Т4 МЕДИА“. 

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

Полицијата упадна во станот на телохранителот на францускиот претседател

Канцеларијата на обвинителството во Париз соопшти дека истражувачите влегле во станот на еден од главните телохранители на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие влегле во станот на телохранителот кој во мај е снимен како претепува демонстрант.

Елисејската палата го отпуштила телохранителот на Макрон, Александар Бенала пред полицијата да упадне во станот во париското предградие Иси-ле Молино.

Тој од страна на дневниот весник Монд беше идентификуван како човекот со полициски шлем кој на протестите на 1 мај тепал демонстранти. Тој и уште едно лице од утре ќе бидат под надзор на полицијата и им се заканува подигнување на обвинение.

Учеството на Бенала во претепувањето за Макрон стана најголемата политичка криза од почетокот на неговиот мандат минатата година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб следната недела во парламентот ќе одговара на прашања, за да се утврди дали дошло до пропуст на владата.

притисни ентер