Шулц уверен дека може да ја замени Меркел на функцијата канцелар на Германија

Главниот соперник на германската канцеларка Ангела Меркел на претстојните избори, Мартин Шулц изрази денеска увереност дека може да победи и покрај големата предност во анкетите за актуелната канцеларка.
Шулц за германската телевизија Цет-Де-Еф истакна дека остануваат уште шест недели до изборите на 24 септември.

- Сметам дека се уште имам добри шанси да ја предводам следната влада, рече тој.

Германија има рекордно ниска невработеност, балансиран буџет и силна економија, така што Шулц треба да води тешка битка за да ја победи Меркел. Зошто луѓето би гласале за неговата германска социјал демократка партија, а не за демохристијанската унија на Меркел.

- На Германија и оди добро но тоа што на Германија и оди добро, не значи дека на сите Германци им оди добро. Ние треба да бидеме многу подобри во повеќе области, рече Шулц.

Тој потенцира дека неговите социјалдемократи се коалициски партнер на меркел во владата и заслугите за успесите не би требало да се препишуваат исклучиво на нејзината партија.

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер