Од утре се враќа топлото време

Најмногу дожд изминатите 24 часа е наврнат во Куманово, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 22 литри на метар квадратен.
Поголема количина врнежи имало и во Скопје-Зајчев рид 19 литри, во Скопје-Петровец 11, во Берово 8, во Крива Паланка 7, во Виница 5, во Дебар 3, во Ѓуриште 2 и во Лазарополе 1 литар на метар квадратен.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во северната половина од земјава.

На одредени места ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Доцна попладне облачноста ќе се намалува и врнежите ќе престанат насекаде.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 30 степени.

Ув индексот ќе има вредност 6.

Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер