Апокалиптични сцени во Кондово, Канал 5 на најдраматичните места

Апокалиптични сцени, како во холивудски филм кој наговестуваа дека може да се случи најлошото, жителите од скопските населби Кондово, Сарај и Ѓорче Петров ја минаа најнеизвесната ноќ.
Огнените јазици немилосрдно за само неколку минути се симнаа до нивните домови.

Вистинска драма  доцна синоќа се случуваше на излезот на Скопје.

Се интервенираше со десет против пожарни возила, но и самоиницијативно граѓани доаѓа да го гаснат огнот кои поради ветрот се ширеше многу брзо.

Густиот чад создаде дополнителни проблеми за пожарникарите и мештаните, тешко беше да се диши во услови без да се носи некаква заштитна.

Влезот во Кондово беше затворен од полицијата, не дозволуваа  влес поради безбедносни причини, жителите од страв го напуштаа своите живеалишта.

Поради отежнатите услови и пристапноста на теренот во помош била побарана од општина Сарај и град Скопје.

Утринава ситуацијата во Кондово мирна. Дождот го изгасна огнот.

Мештаните за Канал 5 велат раскажуваат како ја минаа ноќта.

Огромната огнена стихија цела вечер бегаше од контрола. Зафатен беше и просторот помеѓу селото и влезот во Скопје кај Ѓорче Петров.

Најстрашен бил периодот од осум до десет часот вечерта, раскажуваа жителите.

Опасноста сега  ја нема. Жителите и куќите се безбедни. Гореше нискостеблеста шума.

Прелиминарно распределени автобуски линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници

Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2018 година со која за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 12 апликации, една е делумно одобрена, а 13 се одбиени.

 За меѓународен превоз на патници, пак, се одобрени 35 апликации, три се делумно одобрени, а 27 се одбиени.

Ресорното Министерство денеска соопшти дека биле поднесени 91 апликација  за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 26 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 65 апликации за меѓународен превоз на патници.

- Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред, соопшти 

Прелиминарните листи може да се најдат на веб страната на министерството за транспорт и врски на следниот линк: http://mtc.gov.mk/preliminarna-raspredelba-na-avtobuski-linii-za-2018-godina-.

Голем пожар во депонијата „Мегленци“

Голем пожар од вчера гори на депонијата „Мегленци“ во Новаци. Од општина Битола информираат дека пожарот од утрово е ставен под контрола и дека на терен се сите надлежни институции.

„По пријавата на вработените дека во депонијата ‘Мегленци’ има пожар, екипи на ЈП ‘Комуналец’ веднаш реагирале на терен за да се спречи натамошното ширење и да се локализира пожарот. За таа цел веднаш биле известени сите надлежни институции, а биле повикани на помош и екипи од РЕК ‘Битола’ и општина новаци, на чија територија се наоѓа депонијата“, велат од општината.

Поради топлото време, пожарот зафатил големи површини и се проширил во вечерните часови, но тој веќе е ставен под контрола. Случајот е пријавен и во СВР Битола, но засега не се знае кои се причините за опожарувањето на депонијата.

„Жаба“ на Јукиќ најдобар филм, „Златна арена“ и за режија

 На годинашниот 65. Филмски фестивал во Пула, Хрватска, „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ освои „Златна арена“ за најдобар филм и „Златна арена“ за режија.

Филмот  ја доби и главната награда од Федерацијата на филмсклите критичари на Европа и Медитеранот - ФЕДОРА.

Фестивалот на „Жаба“ и го додели и признанието за Најдобра малцинска копродукција.

„Жаба“ зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста, за силата потребна за да се надминат пречките кои животот ги поставува и за постигнување среќа во секојдневниот живот со помош на малите нешта.

Сценариото го напишаа Пјер Жалица и Елмир Јукуќ, а базира на истоимената театарска претстава по текст на Дубравко Михановиќ.  Кинематографер на филмот е Дејан Димески, а снимател на звук  е Игор Поповски. Улогите ги толкуваат: Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан, Мирсад Тука, Моамер Касумовиќ.

„Жаба“ е копродукција на Рефреш Продукција од БиХ, Скопје Филм Студио, Пропелер Филм Хрватска и Ливинг Пикчрс Србија. Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, националните фондови на земјите копродуценти и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции ЕУРИМАЖ.

Претставата е регионален хит и во текот на изминатите десетина години е одиграна над 260 пати. 

притисни ентер