Пожарот во Трескавец по контрола, огнените јазици далеку од манастирот

Еден од предизвикувачите на пожарите во прилепско е приведен,а по тројца се трага потврдуваат надлежните по неколку дневната битка за локализирање или ставање под контрола на уништените над 700 хектари борова,дабова и ниско стеблеста шума.
Од вчера попладне цела ноќ до денеска претпладне се водеше вистинска битка со огнената стихија кај манастирот Успение на Пресвета Богородица на Трескавец.

Близу 200 луѓе, кои пожарникари, кои верници и добороволци не дозволија огнот да го загрози манастирскиот комплекс.

Тројца од нив беа задушени од густиот чад и со итна медицинска помош префрлени во прилепската градска болница.

Еден крак од овој пожар се уште е активен.

Според последните информации територијалната против пожарна единица имала над 60 интервенции во последните неколку денови, притоа  пожарите  кај селата Зрзе, Слепче, Никодин и Дрен Смолани  се локализирани, а во мариовско меѓу селата Крушеани и Бонче огнот е ставен  под контрола.

Индонезија: Силувана малолетничка осудена е на затвор поради абортус

Индонезијка, девојче од 15 години кое ја силувал нејзиниот брат осудена е на шест месеци затвор поради абортус.

Заменикот на шефот на полицијата во местото Батангари во провинцијата Џамби изјави дека девојчето и нејзиниот брат се осудени во четвртокот.

Братот, момче на возраст од 18 години, осуден е на две години затвор поради сексуален престап со малолетник.

Обвинителите барале година дена затвор за девојчето и седум години за нејзиниот брат.

На судот е речено дека девојчето е силувано осум пати од септември.

Во мај локалните жители го пронашле фетусот во близина на плантажата за палма.

Нејзината мајка е обвинета за помагање во абортусот.

Украдени пари од црква во тетовско Радиовце

Непознат сторител ноќеска украл 2.000 денари од црквата „Свети Атанасије“ во тетовското село Радиовце. 

Како што информираат од МВР, во полиција денеска било пријавено дека непознатиот сторител откако скршил прозорец влегол внатре и од шкаф наменет за чување на дарови од верниците одзел 2.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /МИА

На „Богородица“ се чека 10-тина минути за влез и излез од државава

На граничниот премин Богородица во моментов нема поголема гужва за влез и излез од земјава и сите процедури се завршуваат за 10-тина минути.

Како што информираат од Дежурната служба на граничниот премин Богородица, поголема гужва имало во утринските часови, заклучно со 10:30 часот, кога се чекало по триесетина минути.

Тоа, како што велат, е вообичаено за периодот на летните одмори. /МИА

притисни ентер