Се уште активен пожарот над Кондово, нема опасност за куќите

Пожарот што се разгоре вчеравечер над ридот во скопско Кондово е се уште активен, а околу селото, според информации од Центарот за управување со кризи, направен е заштитен појас за да се спречи негово ширење.
Во гасењето на пожарот ноќеска учествуваа четири цистерни, 25 пожарникари, девет возила на Територијалната противпожарна единица и лица од месното население.

Во селото Кондово нема зафатено куќи од пожарот. Екипите продолжуваат да работат на терен. /МИА

Индонезија: Силувана малолетничка осудена е на затвор поради абортус

Индонезијка, девојче од 15 години кое ја силувал нејзиниот брат осудена е на шест месеци затвор поради абортус.

Заменикот на шефот на полицијата во местото Батангари во провинцијата Џамби изјави дека девојчето и нејзиниот брат се осудени во четвртокот.

Братот, момче на возраст од 18 години, осуден е на две години затвор поради сексуален престап со малолетник.

Обвинителите барале година дена затвор за девојчето и седум години за нејзиниот брат.

На судот е речено дека девојчето е силувано осум пати од септември.

Во мај локалните жители го пронашле фетусот во близина на плантажата за палма.

Нејзината мајка е обвинета за помагање во абортусот.

Украдени пари од црква во тетовско Радиовце

Непознат сторител ноќеска украл 2.000 денари од црквата „Свети Атанасије“ во тетовското село Радиовце. 

Како што информираат од МВР, во полиција денеска било пријавено дека непознатиот сторител откако скршил прозорец влегол внатре и од шкаф наменет за чување на дарови од верниците одзел 2.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /МИА

На „Богородица“ се чека 10-тина минути за влез и излез од државава

На граничниот премин Богородица во моментов нема поголема гужва за влез и излез од земјава и сите процедури се завршуваат за 10-тина минути.

Како што информираат од Дежурната служба на граничниот премин Богородица, поголема гужва имало во утринските часови, заклучно со 10:30 часот, кога се чекало по триесетина минути.

Тоа, како што велат, е вообичаено за периодот на летните одмори. /МИА

притисни ентер