Фестивалот на вино и сирење по четврти пат дел од туристичката понуда на Oхрид

На повеќе штандови на плоштадот “Kрушевска Република“, синоќа Охриѓани и бројните туристи уживаа во различните вкусови на сирења и преработки од млеко, произведени на традиционален начин.
На повеќе штандови на плоштадот “Крушевска Република“, синоќа  охриѓани и бројните туристи уживаа во различните вкусови на   сирења и преработки од млеко,  произведени  на традиционален начин, но и ги дегустираа познатите домашни  македонски вина.
-Макеоднското сирење е познато  како многу убаво така да во белград го нема многу но сможе да се купи  негде, вели гостинка до Србија.
-Сум слушнал за македонско биено сирење овчо, и пробав Стоби вино и да супер е одлично е а многу возам па неможам да пијам, вели една гостин од Србија,
-Има етикета има производител сите податоци што треба да ги има еден производ ги има и ќе си прочиташ ке си видиш, вели еден туристи од Прилеп.
-Пробав од сирењето козјо, си купив две кила преубаво. Ѓомлезе купив сега го јадев многу сумзадоволна преубаво е , вели една гостинка од Скопје.
Сирењата  и вината  се прават според    старите  рецепти  на  нашите предци  автентични за ова поднебје.
-Имам биено сирење кашкавал, бело сирење овчо, урда, пресно сирење.0104 Мора да имаш повеќе произвди за да си успешен со еден производ неможеш да се пробиеш на пазарот,  вели Игор Поповски  производител на сирење од Битола.
-Да се прави вино прво треба љубов. Не е тешко ако се сака да се направи убо вино.02 58 Моментано имаме четири врсти на вино темјаника вино кое моментално е најбарано на макеоднскиот пазар и малку пошироко, потоа Вранец па стара сорта која беше во изумирање, вели Андон Душков  винар од Кавадарци.
-Дебар има околу 40 000 грла овци имаме и се гордееме дека имаме најдобро сирење. Во секој фестивал за сирење дебарското сирење е докажано дека е највалитетно, вели Амер Скендер производител на сирење од Дебар.
Квалитетните производи од млеко  и  богатите лозови насади  на македонските винарски визби и млекарници но и на индивидуалните производители на  Фестивалот на вино и сирење  ќе бидат презентирани и вечерва.

Стравична експлозија на аеродромот во Кабул - мета потпретседателот

Непосредно по слетувањето на авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум се случи огромна експлозија недалеку од аеродромот во Кабул.

Достум и неговата придружба не се повредени во експлозијата, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи на Авганистан, пренесе агенцијата „АП“.

Како што изјави портпаролот, најверојатно потпретседателот бил мета на нападот.

Засега никој не ја преземал одговорноста за експлозијата, а во Кабул активни се и талибанските бунтовници и Исламска држава.

Коѕијас: Граѓаните на соседната земја имаат право на самоопределување

Граѓаните на соседната земја имаат право на самоопределување – вели во интервју за тамошните медиуми шефот на грчката Никос Коѕијас.

Грција вели тој, не може да го смени универзалното право на соседите да се нарекуваат Македонци, на индивидуално и неофицијално ниво.

Еден жител на Скопје и вели на неговата девојка дека е Македонец. Што ќе правиме? Ќе создадеме метафизичка држава што ќе го става во затвор? Она што го кажавме е дека граѓаните на оваа земја имаат право да се самоопределуваат како сакаат. Тоа е универзално право што не можеме да го смениме. Но, во исто време, ние можеме да ги викаме како сакаме. – изјави Никос Коѕијас – Министер за надворешни работи на Грција.

Во однос на договорот од Преспа, Шефот на грчката Дипломатија вели дека условите биле зрели за тоа. Во интервјуто Коѕијас во неколку наврати споменува дека станува збор за компромис и за отстапки од двете страни, бидејќи како што вели,  Грција не го освоила северниот сосед за да му ги наметне нејзините позиции.

- Ако не претходеа отстапувањата во преговорите сите овие 25 години, се ќе беше полесно. Но, ние имаме две прашања. Едно, дека треба да се согласи и другата страна, бидејќи не ги освоивме преку војна за да им го диктираме она што го сакаме ние. Сакаме другата страна да го убеди нејзиното општество, да добие мнозинство во Собранието, да го добие референдумот, да го ревидира Уставот, да направи тешки работи, вели шефот на грчката дипломатија во однос на тоа дали Договорот од Преспа е најдобриот што можела да го склучи Грција. – додаде Коѕијас.

Изјавата на Коѕијас доаѓа ден откако во друго интервју грчките медиуми кажа дека опозициите во двете земји користат остар говор на омраза и истакна дека е загрижувачко несогласувањето на овие партии околу договорот за името меѓу двете земји. Лидерот на грчката опозиција пак Кирјакос Мицотакис во вчерашното интервју за Зи Дојче Цајтунг, изрази незадоволството против постигнатиот договор, но додаде дека ќе го почитува доколку биде ратификуван во грчкиот парламент. Мицотакис во интервјуто нагласува и дека референдумот во земјава ќе успее.

Османи: Се надевам дека опозицијата ќе сфати оти земјата нема иднина без ЕУ и НАТО

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека спротивставувањето на опозицијата на Договорот за името со Грција, кој, како што вели е договор за идните генерации, а не идните избори, ќе ја искомпликува политичката ситуација во земјата.

Но, се уште се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека земјата нема иднина без ЕУ и НАТО и оти така ќе се однесува. Сепак, тој е уверен дека и без поддршката на опозиција процесот може да биде успешен, пред се, како што вели, заради довербата во изборот и проценката на народот. 

- Опозицијата се уште го држи овој процес во заложништво, а со тоа и иднината на државата. Би сакале оваа битка да ја водиме заедно со опозицијата, но, ако е потребно ќе го направиме тоа и без нив и ќе успееме. Верувам дека со големата поддршка на граѓаните ќе успееме да го направиме тоа во предивденото време, вели Османи во интервју за грчкиот весник „Етнос“, кое го пренесува МИА.

Прашан што доколку референдумот, што треба да се одржи есенва, не биде успешен, вицепремиерот истакнува дека не очекува оти тоа може да се случи, затоа што, истакнува, има доверба во народот.

- Сигурен сум дека народот ќе го препознае едноставниот избор, може да одиме  напред кон подобра иднина или да се вратиме назад во минатото. Сигурен сум дека повеќето ќе го изберат првото, вели вицепремиерот Османи. 

Тој истакнува дека затоа работат да ја убедат опозицијата да вети дека ќе ја поддржи волјата на народот каква и да е и оти и власта ќе направи тоа.

- Ако има и еден глас повеќе против договорот ние ќе го почитуваме таа волја на луѓето, вели Османи. 

Тој одговарајќи на прашање што доколку на предвремени избори, можност што ја најави премиерот Зоран Заев, на власт дојде партија која не се согласува со Договорот, вели предвремени избори не се приоритет бидејќи тие би ги успориле реформи, но верува дека и кога би се одржале избори утре владејачките партии повторно би победиле. 

Во врска со едно од прашањата што произлегува од Договорот за името, а е поврзан со комерцијалниот бренд „Македонија,  Османи вели дека многу аспекти од овој Договор, кој според него, во основа е фер копромис за двете страни, треба да се воспостават преку пракса и добра волја да се оди напред.

Како најголем предизвик со кој земјава се соочува на патот кон ЕУ, ги посочува корупцијата и судскиот систем, но и воспоставување систем на меритократија, вреднување на сработеното и создавање државни служби во интерес на граѓаните.

- Подготвени сме да се цврсто да се посветиме на овие реформи, кои ќе донесат брзи промени, вели вицепремиерот Османи. Тој додава дека предизвик за земјата се и подготовките за тешкиот скрининг процес и подоцна за преговорите со ЕУ, бидејќи, како што посочува, законодавството, политичкиот и социјалниот систем мора да се приспособат кон ЕУ стандардите.

Во врска со интересот на други меѓународни актери, меѓу кои и Русија за регионот, во момент кога сега тој забрзано чекори кон ЕУ и НАТО, Османи вели дека Москва нема ниту ниту ресурси, ниту толкав интерес да создава проблеми во овој регион за подолг период.

- Верувам дека сегашните напори на Русија се последен обид да го сопре или успори неповратниот процес на пристапување на Макединија во ЕУ и НАТО, додаде вицепремиерот Османи во интервјуто за „Етнос“, кое го пренесува МИА. 

Во врска со информациите на македонската Влада за тоа дека руски бизнисмен од Грција давал пари за насилни протести во Македонија пред рефрендумот, Османи ги повикува меѓународните и домашните институции да извршат брза и непристрасна истрага во врска со овие наводи со цел да се открие вистината. /МИА

притисни ентер