Лешоски , нов претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата

Поетот Дарко Лешоски е именуван за нов претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Лешоски доаѓа на местото на поетот Славе Ѓорго Димоски кој ја вршеше оваа функција од 2008 година.
Лавина од критики на социјалните мрежи за новата функција на Лешоски, меѓу кои од писателката Румена Бужаровска и поетот Иван Антовски.

Бужаровска на својот фејсбук профил истакна дека функцијата треба да ја врши некој со многу подлабоко и поголемо меѓународно искуство. Антовски, пак, назначувањето на Лешоски го оцени како ,, Удар врз македонската култура и плукање врз нејзиното достоинство.“

Инаку, Лешоски беше учесник на протестите на шарената револуција по што доби функција во новата влада како дел од тимот за комуникации.

Струшките вечери на поезијата се едни од најафирмираните светски поетски фестивали со повеќе децениска традиција.






Заев: Утре нова лидерска, однесувањето на Мицкоски неодговорно

Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.

 Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодгороно и навредливо кон сите политички субјејктки и граѓаните на Македонија, рече вечерва премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба во клубот на пратениците.

Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.

- Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина, потенцира Заев. 

Утре без струја делови од Центар и Сарај

Дел од општините Центар и Сарај утре претпладне ќе остана без струја поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, соопшти РЦУК.

Корисниците од улиците „Киро Гавриловски“ и „Славе Деловски“, како и од дел од „Елисие Поповски Марко“ во Центар нема да имаат електрична енергија од 08:30 до 14:30 часот, додека корисниците од Општиската зграда и дел од улицата „1“ во село Сарај нема да имаат струја од 09:00 до 14:00 часот. 

Изгоре возило кај Манастирец, повредени нема

 Изгоре возило кај селото Манастирец, Росоманско, повредени нема.

Пожарот го гаснеше екипа од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Конандирот Илчо Богевски потврди за МИА дека се зголемува бројот на пожари во Кавадарци и Росоман.

На местото на несреќата пристигна и Итна медицинска помош. 

притисни ентер