Македонска Каменица подготвува пакет-мерки за водоснабдувањето

Општина Македонска Каменица подготвува пакет мерки со кои ќе се воведе нов правилник за наплата на вода и други олеснителни мерки, со цел да се надмине револтот на граѓаните поради недостигот на вода во оваа општина во сушниот период. Градоначалникот Дарко Митевски денеска изјави дека пакет мерките кои ги подготвува Општината ќе бидат доставени до Советот.

- Ќе се обидеме да го решиме проблемот со недостигот на вода за пиење. Планираме пакет мерки кои ќе ги предложиме до Советот со нов правилник за водоснабдување и начинот на наплата и олеснителни мерки кои ќе ги спроведеме за да го намалиме револтот кај граѓаните кој беше присутен изминатиов период, поради големата суша која предизвика намалување на количините вода во изворите од каде Македонска Каменица се снабдува со вода. Очекувам секој совесен и одговорен граѓанин да ги има предвид мерките кои ги презема Општината за надминување на состојбата, рече Митевски.

Тој додаде дека поради сушниот период во земјава и регионот, водата во изворите во последните 15 дена е енормно намалена, а потрошувачката на вода е двојно зголемена, па повисоките делови од Македонска Каменица немаат воопшто вода.

- Количеството на вода кое пристигнува во базените е намалено, ако од изворите на Горештица нормално се добиваше по 25 литри во секудна во најтешките денови, таа се намали на 6-7 литри во секунда. Затоа презедовме низа мерки, како рестрикција на водата, направивме и зафат за нови извори кои ги приклучивме на старите дренажи, па водата не беше во соодветен квалитет. Морам да потенцирам дека секој ден се земаат проби од воводниот систем и се прават анализи во Центарот за јавно здравје, но денес по врнежите во селото Саса повторно се ставија во функција старите извори и денес водснабдувањето е стабилно, но тоа не значи дека ако продолжи сушата повторно нема да се јави проблеми со водоснабдувањето, истакна Митевски.

Тој упати апел до граѓаните за рационално користење на водата.

- Треба да ги имаме повисоките императиви како цел, а тоа е дека е потребно да имаме водоснабдување и да имаме стабилна водоводна мрежа во овој период кога се намалени изворите и се надевам дека ќе се стабилизира состојбата за краток период, истакна Митевски.

Новите анализи од Центарот за јавно здравје покажаа дека водата во Македонска Каменица е исправна за пиење. /МИА

Алонсо: Останувам во Леверкузен, тоа е вистинското место за мене

Чаби Алонсо ја потврди својата одлука да остане на чело на Баер Леверкузен. Така, тој ја пропушта можноста да ги преземе Ливерпул или Баерн Минхен, кои уште од летото го посакуваа во своите редови и влегоа во преговори со него.

Тој во принцип има договор со „аспирините“ до крајот на сезоната 2025/26. Според информациите во летото 2025 година во неговиот договор ќе биде активирана клаузула според која тој ќе може да замине како слободен агент.

Шпанецот моментално го води Баер до титулата во Бундеслигата, со солидна предност од 10 бода пред второпласираниот Баерн на осум кола до крајот. Одделно, тимот е во четвртфиналето на Лига Европа и е во полуфиналето на Купот на Германија.

Чаби Алонсо го води Леверкузен од октомври 2022 година.

Мицкоски и Ковачевски сметаат дека е добро што ќе имаат јавно соочување на Канал 5

Очекувањата на Ковачевски се дека неговиот политички опонент ќе одговори која е неговата стратегија за деблокада на преговорите, како едно од најголемите прашања кои останаа нерешени. 

Како до подобар животен стандард, кое е најдоброто решение за евроинтеграциите и чија програма е победничка- ова се дел од темите за кои лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски и Мицкоски за првпат ќе ги судрат аргументите на ТВ дуел в среда во живо на Канал 5. Очекувањата на Ковачевски се дека неговиот политички опонент ќе одговори која е неговата стратегија за деблокада на преговорите, како едно од најголемите прашања кои останаа нерешени.

-Јас се радувам на овој ТВ дуел, бидејќи конечно ќе можеме да чуеме кој каков став има за најважните прашања за државата. Моите ставови веќе ги знаете, меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на интерацијата на државата во ЕУ, односите со соседите и за односите во државата виз-а-ви другите етнички заедници.- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски очекува сериозна дебата за иднината на Македонија, со понуда за проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

Очекувам на тој дуел да презентираме како ја гледаме Македонија во следните децении, барем јас така ќе бидам подготвен и така ќе настапам. Очекувам успешен дуел кој ќе го привлече вниманието на граѓаните и ќе даде одговор на многу прашања коишто досега немале можност граѓаните да ги слушнат. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

ТВ соочувањето меѓу Ковачевски и Мицкоски ќе трае 2 часа, со еднаков простор за двајцата лидери. Досега дуели во студиото на Канал 5 меѓу лидерите на двете најголеми политички партии се одржуваа во три наврати, додека Зоран Заев беше претседател на СДСМ – во 2019, 2020та и последниот во септември 2021ва година, на еден месец пред локалните избори по кои тој си поднесе оставка од премиерската и партиската позиција.

Сиљановска: Граѓаните и Македонија треба да бидат повторни горди!

Македонија повторна горда. Ова е слоганот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата  за претседател Гордана Сиљановска кој го презениташе предмалку. 

Таа смета дека не само државата, туку и на граѓаните треба да бидат повторно горди. Таа обвини дека во земјава се правело културоцид.

притисни ентер