Бугарските пливачи доминантни на Олимпискиот маратон на Охридското Езеро

Бугарскиот пливач Венцислав Ајдарски е победник на првото издание на Олимпискиот маратон што денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.
На Ајдарски му беа потребни 1:54:42 часа за да ја исплива патеката долга десет километри само една секунда побрзо отколку второпласираниот Марсел Шутен од Холандија.

Трет целната линија ја мина нашиот маратонец Александар Илиески, кој ќе плива и на големиот 30-километарки маратон што наредната седмица е закажан за Охридското Езеро.

Најбрза во женска конкуренција беше 14-годишната бугарка Василики Кадоглу која патеката ја исплива за 2:20:37 часа.

Интенција на организаторот на маратонот - Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008” е овој маратон да стане дел од официјалните натпревари вреднувани и бодувани од ФИНА, во рамки на квалификациските трки за олимписки пласман.

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

Полицијата упадна во станот на телохранителот на францускиот претседател

Канцеларијата на обвинителството во Париз соопшти дека истражувачите влегле во станот на еден од главните телохранители на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие влегле во станот на телохранителот кој во мај е снимен како претепува демонстрант.

Елисејската палата го отпуштила телохранителот на Макрон, Александар Бенала пред полицијата да упадне во станот во париското предградие Иси-ле Молино.

Тој од страна на дневниот весник Монд беше идентификуван како човекот со полициски шлем кој на протестите на 1 мај тепал демонстранти. Тој и уште едно лице од утре ќе бидат под надзор на полицијата и им се заканува подигнување на обвинение.

Учеството на Бенала во претепувањето за Макрон стана најголемата политичка криза од почетокот на неговиот мандат минатата година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб следната недела во парламентот ќе одговара на прашања, за да се утврди дали дошло до пропуст на владата.

притисни ентер