Силно невреме во Пекинг

Стотици летови се откажани или одложени поради силно невреме што го зафати Пекинг.
Властите предупредија дека дождот и ветрот би можеле да предизвикаат лизгање на земјиштето во областа Сечуан, која претходно оваа недела ја погоди земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтер.
Издадено е жолто предупредување на невреме, со напомена дека обилните дождови, кои се очекуваат во кинеската престолнина би можеле да предизвикаат поплави во планинските области.
Најфреквентниот аеродром во Кина, Меѓународниот аеродром во Пекинг, ги повика патниците во соопштението објавено на неговиот сајт, да ги проверат најновите информации за летовите од и до градот.
Речиси 500 летови се откажани, додека 182 се одложени, се наведува во соопштението.
Пекинг е на удар на најновите неповолни метеоролошки прилики, откако торнадо вчера ја погоди Монголија, при што загинаа пет лица, додека над 50 беа повредени, а голем број куќи се уништени.

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер