Ефект Северна Кореја - Јапонците во бункери, Американците ја бараат на мапа

Заканите кои деновиве ги упати Северна Кореја за можен нуклеарен напад, драстично ја зголеми продажбата на подземни бункери во Јапонија.

Доналд Трамп не ја омекнува реториката.

Жестоката воена реторика на релацијата Вашингтон-Пјонг Јанг го вклучи алармот во Јапонија. Јапонците масовно купуваат подземни бункери, за тие што нема се воведуваат листи на чекање, се зголемува продажбата на прочистувачи на воздух.

На јапонските медиуми се врти владин спот како граѓаните да се однесуваат во случај на напад. Земјата на изгрејсонцето стравува од непредвидливата Северна Кореја, но и од непредвидливиот Доналд Трамп, за кого и да нема ден да не спомене се поизвесна воена интервенција врз комунистичката држава.

- Северна Кореја подобро нека размисли што прави, или ќе ја снајде неволја како мал број на земји во светот. Крајно време е некој да застане на првата линија, во име на луѓето во нашата земја и луѓето во другите земји, изјави Доналд Трам, претседател на САД.

И дел од Американците се исплашени, особено оние на пацифичкиот остров Гуам, кој беше посочен од Пјонг Јанг како извесна мета на неговите ракети. Но, дел од Американците само слушнале за Северна Кореја, а во анкета за тоа каде се наоѓа, мака мачеа да ја најдат на мапата на светот.

Вчера Пјонг Јанг соопшти дека го привршува оперативниот план за напад на американска територија, во кој би користел четири балистички ракети со среден дострел.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер