Голем пожар во близина на фабрика за пиротехника во Тирана

Голем пожар избувна синоќа во селото Куч крај Тирана, при што пламените јазици се прошириле во должина од 3 до 4 километри.
Освен противпожарни возила и десеттици пожарникари, во гаснењето се вклучиени и многу припадници на албанската армија, како и доброволци, чиј приоритет е да се спречи проширувањето на пожарот во правец на блиската фабрика за пиротехнички средства. Побарано е во гаснењето да се вклучи и авион.

Во Албанија и натаму секојденво избувнуваат нови пожари, а со денови се активни повеќе огнови, поради што повторно е побарана помош од странство.

– Врз основа на одлуката на Европската комисија, Грција дополнително испрати уште два авиона за да и помогне на Албанија во борбата со големиот број пожари, кои ја зафатија речиси целата територија на земјата, јави тиранската телевизија Топ чанел.

Албанија помош за справување со пожарите на почетокот на месецов побара од Грција, која веднаш испрати два авиона, како и од Италија, од каде пристигна хеликоптер.

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер