Трамп: Благодарам Путин што ни ги намали трошоците

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на рускиот колега Владимир Путин за протерувањето на стотината американски дипломати од Москва, зашто како што објасни, на тој начин Вашингтон ги намалил трошоците за дипломатскиот персонал.
„Му се заблагодарувам на Путин што протера голем број луѓе и ни овозможи да го намалиме платниот список. Вака ќе заштедиме многу пари и нема причина да ги враќаме дипломатите назад“, изјави зајадливо Трамп во Њу Џерси, откако претходно изигра партија голф.

Изјавата на американскиот претседател е реакција на одлуката на Москва да протера 755 дипломати како одговор на американските санкции врз Русија.

Тие имаат рок до септември да ја напуштат Русија.

Индонезија: Силувана малолетничка осудена е на затвор поради абортус

Индонезијка, девојче од 15 години кое ја силувал нејзиниот брат осудена е на шест месеци затвор поради абортус.

Заменикот на шефот на полицијата во местото Батангари во провинцијата Џамби изјави дека девојчето и нејзиниот брат се осудени во четвртокот.

Братот, момче на возраст од 18 години, осуден е на две години затвор поради сексуален престап со малолетник.

Обвинителите барале година дена затвор за девојчето и седум години за нејзиниот брат.

На судот е речено дека девојчето е силувано осум пати од септември.

Во мај локалните жители го пронашле фетусот во близина на плантажата за палма.

Нејзината мајка е обвинета за помагање во абортусот.

Украдени пари од црква во тетовско Радиовце

Непознат сторител ноќеска украл 2.000 денари од црквата „Свети Атанасије“ во тетовското село Радиовце. 

Како што информираат од МВР, во полиција денеска било пријавено дека непознатиот сторител откако скршил прозорец влегол внатре и од шкаф наменет за чување на дарови од верниците одзел 2.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /МИА

На „Богородица“ се чека 10-тина минути за влез и излез од државава

На граничниот премин Богородица во моментов нема поголема гужва за влез и излез од земјава и сите процедури се завршуваат за 10-тина минути.

Како што информираат од Дежурната служба на граничниот премин Богородица, поголема гужва имало во утринските часови, заклучно со 10:30 часот, кога се чекало по триесетина минути.

Тоа, како што велат, е вообичаено за периодот на летните одмори. /МИА

притисни ентер