Музичко-кабаретска вечер на програмата на „Охридско лето“

Фестивалската сцена во катедралната црква „Света Софија“ вечерва е резервирана за две интересни содржини во рамки на „Охридско лето“, со концертот на француското трио „Маскерина“, како и со кабарето „Зборувај тивко“ со најистакнатите дела на германскиот драматург Курт Вајл.
Ансамблот „Маскерина“ составен од француските уметници Себастијан Берета на барокна флејта, Мари Гијоми на виола да гамба и Николас Ватин на теорбо ќе изведат интересна програма на избрани дела на Куперин, Мараис, Монтеклер, Де Висе, Абел, Кванц, Блаве, Феркереи, Мореи.

Ансамблот „Маскерина“ обединува музичари чиј основен интерес е барокната музика. Како дует или поголем ансамбл, „Маскерина“ се посветени на музичко истражување на репертоарот на европската барокна музика од 17. и 18 век, со посебен акцент на автентичната интерпретација на оригинални инструменит и на интеракција со публиката. Досегашните концерти ги водат во Париз, Версај, Марсеј, Бордо, Женева, а настапуваат и со други ансамбли како Ревеус и Амичи Ме. Заедно со флејтистот Себастијан Берета во моментов ја истражуваат француската барокна литература создавајќи програма насловена Дијалози за трио. Во овој програмски концепт иако голем дел од делата се посветени на триото, секој инструмент има и солистички настап со што на секој инструмент му се дава централно место, а не само функција на придружба што е карактеристично за виолата или за лаутата.

Веднаш по концертот на „Маскерина“ фестивалските вљубеници во музичко-сценската уметност ќе имаат несекојдевна можност да видат дел од најпознатите кабаретски дела на Курт Вајл, во изведба на српскиот сопран Тијана Ѓуричиќ, нејзиниот сонародник на хармоника Александар Будимир, како и нашата пијанистка Ирина Наумовска.

Курт Вајл важи за еден од најзначајните композитори на музика за сцена на минатиот век. Тој е роден во Германија, но поголем дел од животот го поминал во САД. Неговиот авторски опус опфаќа бројни мјузикли, опери, оперети, кабареа од кои особено се истакнуваат оние кои се соработка со Бертолд Брехт. Вајл имал потполна контрола над драматуршката структура на своите дела и со тоа ја зголемувал снагата и општественото значење на музиката што ја компонирал. Отворените прашања на идеологиите, политиката и моќта на музиката како да го опседнувале секојдневно. Композиторот никогаш не ги заборава своите корени и за разлика од многу други емигранти кои се бореле да го прикријат еврејското потекло, тој бил еден од првите кои обрнува внимание на Холокаустот и неопходноста на подигањето на јавната свест за страдањето на европските Евреи.

Кабарето „Зборувај тивко“ е обликувано да ги претстави сите фази на творештвото на Курт Вајл, со посебен акцент на делата настанати пред самото заминување од Германија, делата настанати за време на престојот во Париз и непосредно по доаѓањето во Америка. Така транспарентно тематски, стилски и хармонски се забележуваат интертекстуалните преклопувања на сè она што Вајл би го нарекол „живот“ во траење од 60 минути.

Музичко-кабаретската фестивалската вечер во „Света Софија“ почнува од 20:30 часот. /МИА

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер