Зидан: Прекрасен прием во Македонија

„Благодариме Скопје, Македонија. Фантастични домаќини на Суперкупот 2017“ – се вели во пораката од УЕФА до македонската јавност објавена на социјалните мрежи по завршувањето на синоќешниот натпревар.

Слична порака имаше и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој на прес конференцијата упати благодарност за гостопримството.

Стратегот на Манчестер пак, Жозе Мурињо оцени дека првиот примен гол бил нерегуларен зашто бил од офсајд.

Тој го прокоментира и својот гест, кога својот сребрен медал му го подари на дете на стадионот.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

(НОВО) ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска –Давкова 44,63%, Пендаровски 19,13 % од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 20,53% од обработените гласови Гордана Силјановска- Давкова има освоено 44,63 проценти од гласовите или 66 482 гласа.

Стево Пендаровски освоил 19.13% од гласовите или 28 490, Бујар Османи 13 ,04% или 19420 , Арбен Таравари 8,53 од гласовите или 12707 , Максим Димитриевски 7,27% или 10831 глас, Билјана Ванковска 4,14 или 6165 гласа , Стевчо Јакимовски 0,79 проценти или 1174 гласа.

притисни ентер