Според Мурињо првиот гол бил од офсајд

Манчестер Јунајтед не успеа да стигне до својот втор пехар во Супер купот, а нивниот менаџер Жозе Мурињо и натаму останува без победа во ова натпреварување откако претходно има по еден пораз со Порто и со Челзи.
За текот на натпреварот Мурињо истакна:

- Голот е од офсајд, можеби резултатот на крајот ќе беше поинаков ако беше 0:0 на полувреме. Средината на Реал Мадрид е одлична, начинот на кој ја движат топката прави да му биде тешко на противникот. Потоа во вториот дел имавме и противигра, а имавме и шанси на 2:1 да постигнеме и втор гол, но Рашфорд не реализираше. Можеби со Реал Мадрид пак ќе играме во групата од Лигата на шампионите. Во секој случај искуството е одлично за тимот, сега не очекува стартот на Премиер лигата, изјави Мурињо.

Тој на прес конференцијата го образложи потегот медалот да го предаде на едно момче од трибините.

- Се случува и кога ќе победам да не ги чувам медалите, а замислете кога губам. За тоа дете медалот е како месечината, беше во дрес на Манчестер Јунајтед и не знам од каде доаѓа.

Во првото коло од Премиер лигата Манчестер Јунајтед на домашен терен игра против екипата на Вест Хем во недела./МИА

Розберг: Фетел самиот е виновен за неуспехот на „Хокенхајм“

Себастијан Фетел „притискал премногу при тешки услови“ и тоа е причината поради која не оствари победа во Гран При на Германија. 

Ова го објави светскиот шампион за 2016 година, Нико Розберг, кој ја проследи во живо драмата на „Хокенхајм“.

Пилотот на Ферари се удри во заштитните огради на крајот на 52 круг, кога почна да врне и така сам си нанесе сериозен удар во битката за титулата, бидејќи во моментов заостанува 17 поени од Луис Хамилтон.

- Тоа е огромна грешка на Себ. Едноставно неверојатно! Всушност, тој самиот е виновен што не забележа победа. Да, условите беа тешки и за ниту еден пилот тие не се пријатни. Сепак, тој имаше предност пред останатите и мораше да биде повнимателен и да ја намали уште малку брзината. Сепак тој притискаше премногу и заврши во ѕидот, изјави поранешниот пилот на Мерцедес. 

Тери: Не се пензионирав, се одморам и разгледувам понуди

 Џон Тери во моментов е на одмор со семејството и нема намера да се откаже од фудбалот, објави фудбалерот на Инстаграм.

Искусниот Англичанец ја напушти Астон Вила минатата сезона, бидејќи клубот од Бирмингем не успеа да влезе во Премиер Лигата. Тогаш се шпекулираше дека 37-годишниот ќе се пензионира, но лично тој дури сега проговори во врска со тоа.

- Само да потврдам дека не отидов во пензија. Во моментов уживам на одмор со моето семејство и ги разгледувам сите опции, напиша Тери под фотографијата.

Најголемиот дел од својата богата кариера дефанзивецот ја има поминато во Челзи, каде ја носеше капитенската лента и освои 17 трофеи, вклучувајќи ја петпати Премиер лигата, по еднаш освојување на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Во 2000 година, Тери играше како позајмен во Нотингем Форест, додека лани се пресели во Астон Вила. Тој има одиграно 78 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна шест голови. 

Тони Блер го советува и „модернизира“ кралот на С. Арабија за 12 мил. долари

Поранешниот британски премиер Тони Блер ја советува владата на Саудиска Арабија според договор вреден 11, 8 милиони долари, пренесува „Сандеј Телеграф“.

Договорот претходно е  постигнат меѓу Саудиска Арабија и „Институтот за глобални промени“ на Блер, целта на договорот е модернизирање на програмата на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Ова е првиот голем договор за Блеровиот институт, кој е основан во 2016 година, интересно овој договор е означен како „непрофитабилен“.

Институтот во јануари годинава веќе добил 10 милиони долари за работи кои ги извршуваат вработените од институтот на Блискиот Исток.

Портпаролот на „ТБИ“  Институт Тони Блер“ потврди дека институтот примил донација од саудиската фирма „МИЛ“ за  „непрофитабилната“ работа на институтот. 

притисни ентер