Опуштена и само своја: Супермоделот ги почести папараците после скокот од јахта (фото+18)

Британската манекенка Кејт Мос ужива во Италија на одмор со своето момче Николај фон Бизмарк.
Вљубениот пар изнајмил јахта, па Кејт моментите на пловидба ги искористила за вистински лудории. А потоа се случило нешто неочекувано.


 

#KateMoss on vacation in Italy

A post shared by Новости шоу бизнеса от Джуди (@news_of_showbusiness_from_judy) on


Кејт после скокот во вода остана без горниот дел од костимот за капење, но тоа не ја потресе.

Манекенката не знаеше дека е под будното око на папараците, па опуштено се качи на јахтата и таму на мира се доведе во ред.

Иако медиумите им се потсмеваат, а Николај го нарекуваат “играчката“ на Кејт, судејќи според сликите, парот ужива во својата љубов и обрнуваат внимание на злите јазици.

Розберг: Фетел самиот е виновен за неуспехот на „Хокенхајм“

Себастијан Фетел „притискал премногу при тешки услови“ и тоа е причината поради која не оствари победа во Гран При на Германија. 

Ова го објави светскиот шампион за 2016 година, Нико Розберг, кој ја проследи во живо драмата на „Хокенхајм“.

Пилотот на Ферари се удри во заштитните огради на крајот на 52 круг, кога почна да врне и така сам си нанесе сериозен удар во битката за титулата, бидејќи во моментов заостанува 17 поени од Луис Хамилтон.

- Тоа е огромна грешка на Себ. Едноставно неверојатно! Всушност, тој самиот е виновен што не забележа победа. Да, условите беа тешки и за ниту еден пилот тие не се пријатни. Сепак, тој имаше предност пред останатите и мораше да биде повнимателен и да ја намали уште малку брзината. Сепак тој притискаше премногу и заврши во ѕидот, изјави поранешниот пилот на Мерцедес. 

Тери: Не се пензионирав, се одморам и разгледувам понуди

 Џон Тери во моментов е на одмор со семејството и нема намера да се откаже од фудбалот, објави фудбалерот на Инстаграм.

Искусниот Англичанец ја напушти Астон Вила минатата сезона, бидејќи клубот од Бирмингем не успеа да влезе во Премиер Лигата. Тогаш се шпекулираше дека 37-годишниот ќе се пензионира, но лично тој дури сега проговори во врска со тоа.

- Само да потврдам дека не отидов во пензија. Во моментов уживам на одмор со моето семејство и ги разгледувам сите опции, напиша Тери под фотографијата.

Најголемиот дел од својата богата кариера дефанзивецот ја има поминато во Челзи, каде ја носеше капитенската лента и освои 17 трофеи, вклучувајќи ја петпати Премиер лигата, по еднаш освојување на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Во 2000 година, Тери играше како позајмен во Нотингем Форест, додека лани се пресели во Астон Вила. Тој има одиграно 78 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна шест голови. 

Тони Блер го советува и „модернизира“ кралот на С. Арабија за 12 мил. долари

Поранешниот британски премиер Тони Блер ја советува владата на Саудиска Арабија според договор вреден 11, 8 милиони долари, пренесува „Сандеј Телеграф“.

Договорот претходно е  постигнат меѓу Саудиска Арабија и „Институтот за глобални промени“ на Блер, целта на договорот е модернизирање на програмата на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Ова е првиот голем договор за Блеровиот институт, кој е основан во 2016 година, интересно овој договор е означен како „непрофитабилен“.

Институтот во јануари годинава веќе добил 10 милиони долари за работи кои ги извршуваат вработените од институтот на Блискиот Исток.

Портпаролот на „ТБИ“  Институт Тони Блер“ потврди дека институтот примил донација од саудиската фирма „МИЛ“ за  „непрофитабилната“ работа на институтот. 

притисни ентер