Објавена драмата „Низини“ од каталонскиот писател Анжел Гимера

„Македоника“ од Скопје ја објави љубовно-социјалната драма „Низини“ од каталонскиот писател Анжел Гимера, напишана во 1896 година.
- „Низини“ е најпознатото дело на Гимера и станува меѓународна сензација веднаш по својата театарска премиера, а преведена е на над 15 јазици. Освен што е многу изведувана во театрите во светот, трипати е адаптирана за опера, а е филмувана дури осум пати, од коишто еднаш и во режија на култната германска режисерка Лени Рифенштал (1954), соопшти „Македоника“ за  драмата „Низини“ која е прво дело на Гимера објавено на македонски јазик. Преводот е на Дарко Цветаноски.

Анжел Гимера и Хорхе (1845-1924) е најважниот писател на каталонската ренесанса, кога каталонскиот јазик повторно станал книжевен јазик. Тој дури 23 пати бил номиниран за Нобеловата награда за литература, но не ја добил од политички причини поради притисоците од шпанската влада.

Автор е на голем број светски познати драми напишани на каталонски јазик, кои се преведени на повеќе јазици и изведувани низ многу земји во светот. Најпознати од нив се „Низини“, „Марија Роса“ и „Ќерката на морето“. /МИА

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер