Објавен романот „Дневникот на длабоките тајни“ на Верица Мукоска

Во издание на „Бата прес“, објавен е романот „Дневникот на длабоките тајни“ од Верица Мукоска.
Станува збор за возбудлив роман, сторија пребогата со случувања во кои родителот – Марвел, просто заборавил на своите деца, на сопругата, на љубовницата, обврските кон својата компанија и се впушта во авантури и ризични потфати, дури и со препродавање на дрога...

Младата авторка (родена 1999 година, во Вевчани), создала современа новела, чии дејствија се случуваат во Падова, под староградските ѕидови во татковината на романтичарската љубов - Италија. Со „приказна внатре во приказната“, со многубројни настани, емоции, конфликти и зближувања и со вонвременски ликови, Мукоска мајсторски ја користи и формата на дневнички записи на главните јунаци на оваа книга, братот и сестрата, кои по многу години се среќаваат во воз на пат за Брисел.

Ова е втора книга на Верица Мукоска. Првата поетска книга „Стихови од срцето на природата“ ја објави во 2009 година, на возраст од само десет години.

Првата промоција на романот „Дневникот на длабоките тајни“ ќе биде вечер, во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, на почетокот на летната културна манифестација „Вевкул 2017“, а ќе ја промовираат познатите македонски писатели и есеисти Мишо Китаноски и Петко Шипинкаровски. /МИА

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер