Тенки или дебели – Австралија отвори јавна дебата за обликот на манекенките

Во Австралија се дебатира за тоа дали моделите со прекумерна тежина кои се појавуваат на модната патека ја слават дебелината и праќаат погрешна порака или тоа се анорексичните манекенки .

Дебатата се отвори поради појавувањето на моделите со прекумерна тежина во спортски магазин облечени во костими за капење. Сиднејскиот весник "Дејли телеграф" ја критикуваше употребата на поголеми модели како "неодговорно", додека докторите сметаат дека се промовира "опасна" порака по здравјето.
Сепак, други експерти велат дека на модната писта треба да се застапени сите форми на телото.

Дебатата го достигна врвот откако колумнистката Сораја Фуда напиша: "Ако модната индустрија одлучи да престане да користи модели кои се чини дека гладуваат и се кожа и коски - како што треба, тогаш не треба да се избираат некои што да промовираат подеднакво нездраво тело".
Меѓутоа, зборувајќи на локална телевизија, уредникот на Sports Illustrated Ем Џеј Деј рече: "Ние дадовме многу позитивна изјава дека убавината не е" една големина што одговара на сите ".

Здравствените експерти, исто така, се вклучија во дебатата.

Д-р. Бред Френкум , претседател на австралиската медицинска асоцијација во Нов Јужен Велс, се сомнева зошто крупните модели не предизвикуваат слична реакција како сериозно слабите модели.

"Ако некој оди по патеката пушајќи цигара, ќе има вознемиреност бидејќи тоа ќе биде многу нездрава порака", изјави д-р Френкум за Би-Би-Си.
"Слично на тоа, ако испратиме многу луѓе со прекумерна тежина или дебели луѓе по модната писта, она што го кажуваат на некој начин е дека ја оправдуваме дебелината. Мислам дека тоа е опасно затоа што знаеме дека станува збор за нарушена здравствена состојба".

Сепак, проф. Џон Диксон, раководител на истражувањето за клиничка дебелина во Институтот за срцеви заболувања и дијабетес, "Бејкер Иди", вели дека моделите треба да ги претставуваат сите во заедницата.

"Со самото тоа што е нормално да се има прекумерна тежина во нашата заедница и тоа дури 28% од Австралијците кои се дебели , сосема е навредливо да се каже дека дебелите луѓе не треба да бидат на модна писта".

Моделот Стефанија Ферарио, која е лице на модната недела во Мелбурн, рече дека индустријата не треба да се фокусира на крајности.
"Јас сум за разновидност во моделите од сите различни големини и форми, но мислам дека е неодговорно што на модните патеки нема повеќе модели со здрава тежина", изјави таа за ББС.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

 Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

Јакимовски: Османи ни пропагира политика на жирафа

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски за неговиот против кандидат Бујар Османи вели дека тој во кампањата пропагира политика на жирафа.

-Не можам да го слушнам Бујар Османи во кампањата да каже нешто за животот во Македонија и за подобрување на животот на граѓаните во Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа: Жирафата млекото да дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, истакна Јакимовски.

притисни ентер