Шерон Стоун изгледа како тинејџерка иако е на прагот на седмата деценија (фото)

Шерон Стоун наскоро ќе влезе во седмата деценија од животот и уште еднаш покажа декa за неа, годините се само број.

Нормално ништо од тоа не би било возможно кога Шерон не се беше посветила на здравиот начин на живот.

Вежбањето во теретана и стана хоби, а и за извонредниот изглед се откажа и од алкохолот.


Family boating day. #Montana #summer17

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on


Ако на се во ова ја додадете и здрава исхрана, тогаш нејзиниот сексипил не би требало да ве изненади, ниту пак да ве збунат годините кога ќе ја дознаете вистинската бројка на оваа жена која дефинитивно не старее.



Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони. 

- Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно да ги издржиме тешкотиите. Нема друг начин да се игра на ова ниво.

Полуфиналето ќе биде сосема поинакво бидејќи стилот на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној на Арсенал. Не сум го гледал премногу Реал Мадрид оваа сезона. Ова е еден од најтешките можни противници. Ќе играме во полуфиналето против најголемиот клуб во светот.Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и се надеваме дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Тухел.

Во четвртфиналето, Баерн Минхен го совлада Арсенал (2:2, 1:0), а мадриѓаните го совладаа Манчестер сити (3:3, 1:1, 4:3 по пенали).

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

 Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

притисни ентер