Неодоливата природна убавина на Албанката Кристина Бакиу (фото)

Кристина Бакиу е манекенка, модел и два пати мис на Албанија.
Висока е 175 сантиметри, а родена е на 5 април 1995 година во градот Корча во Албанија.

Дваесет и двегодишната Кристина во 2013 година беше крунисана за Мис Универзум на Албанија, а две години подоцна ја понесе и титулата Мис на Светот, па така својата земја во 2015 годна ја претставуваше на изборот за мис во Кина.

Кристина покрај моделингот, студира политички науки на Европскиот Универзитет во Тирана и се занимава со танц.

Благодарејќи на природниот изглед и зелените очи, оваа убавица има многу успешна модна кариера во својата земја, но и во светот.

Повеќе не личи на себе: Една од најубавите жени на светот во непрепознатливо издание (фото)

Преубавата руска манекенка Ирина Шајк се појави на еден елитен моден настан кој го организираше магазинот „Вог“, а нејзиното издание изненади многумина.

Некогашниот жежок сексапил го замени со многу поскромен изглед.

Супермоделот Ирина Шајк пред повеќе од година дена стана мајка на девојчето Ли, а таа и сопругот Бредли Купер се посветија на семејниот живот и немавме прилика да ги гледаме често во јавноста.

Сега кога се појави на забавата на шпанското издание на „Вог“, според коментарите, овој пат не ги добила најдобрите оценки за изгледот.

Иако Русинката го задржа совршениот изглед, нејзиниот моден стил заедно со фризурата делуваат некако промашено.

Виолетовиот фустан поради кројот би бил карактеристичен за некоја госпоѓа во постари години.

Откако фотографиите се појавија во медиумите, на социјалните мрежи повеќето мажи се сложија дека Ирина овој пат навистина се “збабила“.

Foto: Getty

Рапер снимал спот за песна, па во кадрите фатил и смрт во живо (видео)

Раперот Дон Деј се решил да ја екранизира својата најнова песна „Hablando con la Luna”, а идеална локација за снимање пронашол на егзотична локација во Еквадор.

Така, Дон Деј со својот креативен тим дошол до подножјето на водопадите Лагуна Салто де Оро. И додека организацијата се одвивала по планот, а снимателите бележеле неверојатни кадри, набргу се случила голема трагедија.

 

 

Mirar atrás no es malo, regresar atrás eso es malo 💯💡🆗

A post shared by Don Day 🇪🇨💎 (@diamantedonday) on

Додека раперот бил свртен со грбот и снимал сцена за спотот, неговата екипа присуствувала на ужасна сцена.

Имено, еден маж, како што се претпоставува, се лизнал и паднал од врвот на водопадот, а од здобиените повреди починал на лице место.

На снимката може да се види како туристите веднаш притрчале за да го извлечат од водата, но за жал му немало спас.

Како што навеле сведоците, починатиот маж, кој подоцна бил идентификуван како Карлос Понтон (33), бил дел од туристичката група која немала никаква врска со снимањето на видео спотот.

 

Бизарна статуа на актер се појави среде Лондон (фото)

Статуа на холивудскиот актер Џеф Голдблум, со висина од три метри, се појави покрај лондонскиот Тауербриџ.

Холивудскиот актер Џеф Голдблум добил огромна статуа која е претставена во Потерс филд парк во Лондон.

Британците на овој начин се решиле да го прослават 25-тиот роденден на научно фантастичниот филм „Паркот Јура“ (Jurassic Park) кој го режираше Стивен Спилберг, а во кој Џеф го глуми доктор Иан Малком.

 

Статуата го прикажува Џеф како лежи настрана во наведната положба, со раскопчана кошула, а претставува рекреација на неговата позната поза од блокбастерот со диносаурусите.

 

Откако е поставена обожавателите редовно доаѓаат да ја посетат.

Околу неа се поставени дури и лежалки, но за жал таа нема да остане тука трајно бидејќи станува збор за привремена инсталација.

притисни ентер