Концерт за харфа со маестро Емануел Сејсон на фестивалот „Охридско лето“

Првата половина од своето 57. фестивалско издание „Охридско лето“ ќе ја заокружи со вечерашниот концерт на светски познатиот виртуоз на харфа, маестро Емануел Сејсон од Франција.

Сејсон има студирано харфа на Конзерваториумот во Лион, а подоцна и на Парискиот конзерваториум во класата на Изабел Морети. Од 2005 година неговата успешна кариера го води во некои од најпрестижните концертни сали како „Вигмор хол“ во Лондон, салата „Гаво“ во Париз, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертхаус“ во Виена, салата на Берлинската филхармонија и многу други. Во 2004 година Сејсон се закитува со златниот медаљ на Интернационалниот натпревар за харфисти во Блумингтон (САД), каде ја добива и специјалната награда за најдобра изведба.

Тој е добитник на прва награда и шест специјални награди на аудициите за млади музичари во Њујорк во 2006 година, а во 2009 година победува на престижниот натпревар „АРД“ во Минхен. Во 2010 година е номиниран во категоријата „Најдобар инструменталист “ на изборот „Викторис де ла музик класик“ во Франција, а во 2011 година е добитник на наградата за развој на кариерата од страна на Францускиот институт за уметности.

Во периодот од 2006 до 2015 година Емануел е соло-харфист во оркестарот на Париската национална опера. Тој е редовен гостин на фестивалот во Картагена (Колумбија), одржува мајсторски курсеви во Ница и е главен предавач на мајсторскиот курс поддржан од Фондацијата „Салви“. Во моментов Емануел Сејсон е соло-харфист на операта „Метрополитен“ во Њујорк и предава харфа во школата за музика „Менс“.

За вечерашниот концерт на маестро Сејсон е резервирана фестивалската сцена во катедралната црква „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот. На програмата се дела од Бах, Шпор, Рение, Дебиси, Форе и Салзедо./МИА

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

притисни ентер