Францускиот гудачки квартет „Диотима“ вечерва на „Охридско лето“

Фестивалската сцена на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид вечерва резервирана за концертот за францускиот квартет „Диотима“, составен од уметниците Јин Пенг Жао и Констанс Ронцати на виолина, Франк Шевалие на виола и Пјер Морлет на виолончело.


Квартетот „Диотима“ е основан во 1996 година од музичари-лауреати на Националниот конзерваториум за музика во Париз и оттогаш е еден од најбараните ансамбли во светот.

Името на квартетот ги отсликува нивните музички афинитети - оној кон германскиот романтизам (Диотима е лик од новелата „Хиперион“ на Фридрих Холдерлин) и кон современата музика (делото на Луиџи Ноно „За Диотима“). Иако се познати по нивните читања на современите композитори, како и по соработките со некои од најголемите музички имиња на денешницата како Хелмут Лахенман, Тошио Хосокава, Брајан Фернејхаф и други, „Диотима“ своите програмски концепти ги комбинира со дела од стандардниот репертоар - особено оние на Равел, Дебиси , Барток, Шуберт, Бетовен, композиторите на Новата виенска школа и Јаначек.

Квартетот настапува на сите европски сцени и фестивали како Берлинската филхармонија, концертните сали во Мадрид, Лондон, Виена, како и во САД, Азија и Јужна Америка, а во периодот од 2012 до 2016 год. се матичен ансамбл на театарот „Комедија“ во Париз. Тие се добитници на бројни музички награди и признанија, како за нивните настапи, така и за снимените изданија. Во 2016 година одбележаа 20 години од постоењето со ексклузивно ЦД-издание на музиката за квартет на Виенската школа. Во сезоната што следи настапуваат во новата концертна сала во Хамбург, во „Концертгебау“ во Амстердам, во Лондон, Вашингтон, Варшава, Букурешт, како и на турнеи во Велика Британија, Шпанија, Русија, САД, Кореја и Јапонија.

На програмата на концертот со почеток од 20:30 часот се избрани дела за гудачки квартет на Шуберт и Равел, како и Лирска свита на Берг.

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

притисни ентер