Маасикас: Вонреден извештај за Македонија зависи од проценките на ЕК, но клучот е во Скопје

Можноста за вонреден извештај за Македонија и чиста препорака за преговори зависи од проценките на ЕК. Клучот за тоа е во Скопје, во спроведувањето на реформите и во извршувањето на работите кои се наведени при претходните условени препорака, вели Мати Маасикас, заменик министер за надворешни работи на Естонија, задолжен за европски прашања во интервју за МИА.

- Тоа зависи од Европската Комисија, која треба да излезе со предлог, да ја процени ситуацијата и да види дали околностите се смениле за да може да даде чиста препорака. Клучот за тоа е во Скопје, во спроведувањето на реформите и во извршувањето на работите кои се наведени при претходните условени препорака, вели Маасикас во врска со најавата од еврокомесарот Хан за можноста за вонреден извештај за Македонија и безусловна препорака за преговори.

Тој додава дека доколку Европската Комисија реши порано да излезе со препораки или предлози за одредени земји - кандидатки, естонското претседателство ќе дејствува брзо на консолидирање на ставовите на земјите - членки.

- Оваа есен нема да го имаме пакетот за проширување од Комисијата, тоа ќе се одржи дури следната пролет, и тогаш ќе има дискусија на земјите членки на ЕУ. Обично, овој пакет извештаи е во август, но овојпат Комисијата ќе го достави дури на пролет. Веројатно нема да има голема дискусија за проширувањето за време на нашето претседавање. Сепак, доколку Европската Комисија реши да даде препораки или предлози за одредени земји - кандидатки, естонското претседателство ќе дејствува бргу со цел да ги консолидира ставовите на земјите членки. Имаме обновен оптимизам во врска со Македонија, што беше изразено од комесарот Хан, како и од мене. Можевме тоа да го видиме на средбите со министерот за надворешни работи Димитров, со вицепремиерот Османи и со Комисијата за европски прашања на Собранието. Многу е важно сега да работиме со цел да ја отстраниме условеноста на препораката, а реформскиот план на Владата, планот 3-6-9, е добра основа за тоа. Сега, да почнеме со работа, истакнува Маасикас.
Запрашан кои лекции што Естонија ги научи на патот кон ЕУ се релевантни за Македонија во евроинтеграциите со оглед дека се работи за две мали земји, естонскиот дипломат посочува на две работи.

- Прво, е да има длабоко разбирање дека реформите поврзани со ЕУ се спроведуваат во интерес на сопствената земја. Тие реформи не се спроведуваат и земјата не се реформира само со цел да се штиклираат некои точки во Брисел. Ги спроведувате за земјата да ви стане подобро место. Ние цврсто веруваме дека ако ги следите европските стандарди и европските закони, тогаш земјата станува подобро место за нејзините граѓани. Втората лекција која ја научивме, а која важи во сите земји од средна и источна Европа, е дека успешните ЕУ-интеграции зависат од силен домашен политички консензус. Сите партии во Естонија работеа со цел да обезбедиме членство во ЕУ и тоа многу и помогна на Владата. Реформите поврзани со ЕУ не беа лесни. Некои од нив се навистина скапи, на пример постигнувањето на стандардите во областа на екологијата, тоа чини страшно многу пари. Притоа, ни помогна што го имавме потребниот политички консензус, нагласува Маасикас.

За можноста за поддршка на Естонија како претседавач со Советот на ЕУ во однос на надминување на билатералниот спор за името, кој ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, естонскиот дипломат дециден дека е потребно земјата да биде конструктивно вклучена во процесот за негово надминување, кој се води под покровителство на ОН.

- Добрососедските односи се многу важни. На крајот на краиштата, ЕУ е клуб со истакнати членови. Членови кои добро се согласуваат меѓу себе. Оттаму, многу е важно постигнувањето на добри односи со соседите. Во врска со решавањето на спорот за името, тоа не е процес кој го води Европската Унија. Постои рамката на Обединетите нации и двете страни треба да ја следат и да работат врз неа, оценува Маасикас.
Мати Маасикас престојуваше во дводневна посета на Македонија во рамки на турнејата по земјите - кандидати за членство во ЕУ како дел од активностите на официјален Талин во својство на актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Естонскиот заменик министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, покрај Скопје, претходно ги посети и Сараево и Тирана. /МИА.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер