„Игра на тронови“ на Дубровник му донесе вртоглави 126 милиони евра

Економскиот институт во Загреб објави истражување според кое снимањето на ултрапопуларната серија „Игра на тронови“ во хрватскиот приморски град Дубровник ја зголемило туристичката потрошувачка за 126 милиони евра и донело 1,5 милиони ноќевања повеќе.
Во бројки, тоа изгледа вака: Дубровничко-неретванската жупанија од 2012 до 2015 година ја посетиле во просек секоја година 60.000 туристи повеќе.

Вкупно во тие години жупанијата поради снимањето на „Игра на тронови“ ја посетиле 244.415 туристи повеќе кои оствариле речиси 1.5 милиони ноќевања повеќе (попрецизно 1.441.395)

Гостите кои ја посетиле жупанијата мотивирани од фактот што таму е снимана серијата потрошиле вкупно 126 милиони евра во тој период.

Истражувањето е објавено во Journal of Tourism Reserch, под наслов „Учинокот на филмската индустрија на туризмот: Игра на тронови во Дубровник“.

„Игра на тронови“ во Дубровник почна да се снима во 2011 година во втората сезона. Дубровник е избран како локација за измислениот главен град на седумте кралства, King´s Landing. Богатата и очувана дубровничка културна архитектура одлично се вклопи во средновековниот контекст на серијата поради што снимките на тврдината на Дубровник, Локрум и Ловренец често се појавуваат во серијата.

Повеќе не личи на себе: Една од најубавите жени на светот во непрепознатливо издание (фото)

Преубавата руска манекенка Ирина Шајк се појави на еден елитен моден настан кој го организираше магазинот „Вог“, а нејзиното издание изненади многумина.

Некогашниот жежок сексапил го замени со многу поскромен изглед.

Супермоделот Ирина Шајк пред повеќе од година дена стана мајка на девојчето Ли, а таа и сопругот Бредли Купер се посветија на семејниот живот и немавме прилика да ги гледаме често во јавноста.

Сега кога се појави на забавата на шпанското издание на „Вог“, според коментарите, овој пат не ги добила најдобрите оценки за изгледот.

Иако Русинката го задржа совршениот изглед, нејзиниот моден стил заедно со фризурата делуваат некако промашено.

Виолетовиот фустан поради кројот би бил карактеристичен за некоја госпоѓа во постари години.

Откако фотографиите се појавија во медиумите, на социјалните мрежи повеќето мажи се сложија дека Ирина овој пат навистина се “збабила“.

Foto: Getty

Рапер снимал спот за песна, па во кадрите фатил и смрт во живо (видео)

Раперот Дон Деј се решил да ја екранизира својата најнова песна „Hablando con la Luna”, а идеална локација за снимање пронашол на егзотична локација во Еквадор.

Така, Дон Деј со својот креативен тим дошол до подножјето на водопадите Лагуна Салто де Оро. И додека организацијата се одвивала по планот, а снимателите бележеле неверојатни кадри, набргу се случила голема трагедија.

 

 

Mirar atrás no es malo, regresar atrás eso es malo 💯💡🆗

A post shared by Don Day 🇪🇨💎 (@diamantedonday) on

Додека раперот бил свртен со грбот и снимал сцена за спотот, неговата екипа присуствувала на ужасна сцена.

Имено, еден маж, како што се претпоставува, се лизнал и паднал од врвот на водопадот, а од здобиените повреди починал на лице место.

На снимката може да се види како туристите веднаш притрчале за да го извлечат од водата, но за жал му немало спас.

Како што навеле сведоците, починатиот маж, кој подоцна бил идентификуван како Карлос Понтон (33), бил дел од туристичката група која немала никаква врска со снимањето на видео спотот.

 

Бизарна статуа на актер се појави среде Лондон (фото)

Статуа на холивудскиот актер Џеф Голдблум, со висина од три метри, се појави покрај лондонскиот Тауербриџ.

Холивудскиот актер Џеф Голдблум добил огромна статуа која е претставена во Потерс филд парк во Лондон.

Британците на овој начин се решиле да го прослават 25-тиот роденден на научно фантастичниот филм „Паркот Јура“ (Jurassic Park) кој го режираше Стивен Спилберг, а во кој Џеф го глуми доктор Иан Малком.

 

Статуата го прикажува Џеф како лежи настрана во наведната положба, со раскопчана кошула, а претставува рекреација на неговата позната поза од блокбастерот со диносаурусите.

 

Откако е поставена обожавателите редовно доаѓаат да ја посетат.

Околу неа се поставени дури и лежалки, но за жал таа нема да остане тука трајно бидејќи станува збор за привремена инсталација.

притисни ентер