Без вода утре корисници од општините Аеродром и Центар

Поради промена на затварач од Ф 100 мм на бул.„Јане Сандански“ раскрсница со „Владимир Комаров“ (23 Октомври), без водоснабдување од 10:00 часот до санирање на дефектот, ќе останат корисниците од ул.„Бојмија“ кулите 2,4,6, и 8, ул. „Владимир Комаров“ (23 Октомври) од бр:1 до бр: 20 висока зона и бул. „Јане Сандански“ бр:7 во општина Аеродром, информираат од РЦУК Град Скопје.
Поради уличен дефект од Ф 80 мм. на ул.„Адолф Цифоровски“ бр:6 , утре без водоснабдување од  08:00 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците од ул.„Адолф Цифоровски“ во општина Центар. /МИА



Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер