Пливајте, играјте фудбал, занимавајте се со атлетика...и тоа во метро (фото)

Тајванската престолнина Тајпеи, се подготвува да ги угости учесниците на Летната универзијада 2017 година.
Во рамките на овој голем настан, ново руво добија вагоните на градското метро.


 

捷運車廂也可以游泳(誤)喔!!要不要一起來玩呢!! 如想搭這班車有什麼撇步呢?北捷資料顯示,該班彩繪列車從松山站發車時間分別是5:38、6:57、8:15、9:34、11:02、12:32、14:02、15:32、16:59、18:18、19:11、20:34和22:03;從新店站發車時間6:17、7:36、8:54、10:17、11:49、13:19、14:49、16:19、17:38、19:51、21:20、22:46。 ❤️Taipei Subway Cars Have Been Decorated To Simulate Various Sports Venues During The Coming Universiade In Taiwan❤️ 💕In a little over a month, Taipei City will host the 29th Summer Universiade Games, which will be held from August 19 to August 30, and to build excitement over the coming competition the interiors of the city’s mass rapid transit (MRT) trains have been decorated in themes to match some of the major sporting events of the games. Taipei’s subway cars are now sporting themes such as track and field, soccer, baseball, basketball, swimming, and athletics throwing events. Photos of some of these new MRT themes have started to surface, with the simulated swimming pool in particular almost disturbingly realistic.💕 #世大運 #松山新店線 #游泳池車廂 #台北捷運 #北捷 #游泳池 #台北 #taiwan #taipei #taipeimetro #taipeisubway

A post shared by Didi (@didiforu) on


Сега сите се прекриени со неверојатни реалистични цртежи кои ги отсликуваат спортските дисциплини застапени на манифестацијата.



Новата декорација главно ги покрива подовите, кои сега се верна копија на базените, фудбалските терени, атлетските патеки и кошаркарските терени.



Летната универзијада на Тајван се одржува од 19 до 30 август, па во тој период се очекува голем прилив на туристи.


Повеќе од четвртина од јапонските работници сакат да ги убијат своите шефови

Анкетата што ја спроведе јапонската организација ,,Ширабе” покажала дека 27 проценти од работниците барем еднаш помислиле да ги убијат своите шефови.

Анкетата што ја објавија јапонските медиуми го открива стресот на кој се изложени работниците на работното место. Тие се изјасниле дека барем еднаш во животот им поминала мисла да се справат со шефот. Вкупно 27 проценти од испитаните 1006 работници , мажи и жени на возраст од 20 до 60 години се изјасниле дека имале убиствени намери кон надредените .

Ова особено било изразено кај помладите , кои секојдневно се на удар на строгите норми во работењето на компаниите. ,, Никогаш не би убил некого , но можам да разберам зошто толку многу луѓе се доведени до работ поради начинот на кој со нив се однесуваат компаниите “ , изјавува за британски Телеграф преведувачот Мајао Шибата.

Холивудската ѕвезда го подготвува своето новороденче за на Мундијал

Холивудската ѕвезда , Ева Лонгрија го подготви своето новороденче , старо седум дена за на Мундијал.

Лонгрија , која се породи минатата недела , при крајот на бременоста беше гласен навивач на своето родно Мексико. Таа денеска го облече дури синчето кое има само седум дена во националните бои на својата родна земја , подготвен да навива со мајка си. Така Сантијаго стана еден од најпопуларните , но и најмлади навивачи на Мексико.

Ева на Инстаграм објави фотографија од своето синче облечено во дрес со порака ,,Санти “ и бројот 8.

Меѓу стотиците коментари е и оној од Девид Бекам , кој напиша ,,Најдобра фотографија. Толку сум среќен за вас. Одлична фотографија и горд момент.”

Тивка војна меѓу кралските снаи – Кејт веќе не и помага на Меган

Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага со совети на својата јатрва , Меган Маркл.

Како што пишуваат британските таблоиди , Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага на Меган Маркл со совети за однесување при кралските церемонии. Доказ за тоа е и последниот инцидент , кога Меган се појави на балконот на Бакингамската палата со голи рамења, што не е според протоколот.

Од друга страна , Меган со сите сили се обидува што повеќе да и се приближи на кралицата Елизабета. Според таблоидите , кои се повикуваат наизвори блиски до кралското семејство , принцовите Вилијам и Хари се сосем рамнодушни на ваквиот натпреварувачки однос меѓу нивните сопруги.

притисни ентер