Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

На последната фестивалска вечер на прилепскиот „Пивофест“ организаторите очекуваат уште поголема посетеност.
Манифестацијата се одвива весело и без проблеми, посочија на денешната прес-конференција, организатоите прилепската локална самоуправа и невладиниот Центар за граѓанска иницијатива.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески сите патишта деновиве водат кон Прилеп и „Пивофест“.

- Поминаа три незаборавни вечери на Фестивалот, имаше многу позитивна енергија и дружење, многу испиено пиво, изедена скара и се она што со себе го носи „Пивофестот“. Имаме луѓе дојдени тука од сите страни. Сите патишта од Македонија деновиве водат во Прилеп. Очекуваме забавата да кулминира вечер со настапот на главната ѕвезда Северина, рече Ристески.

Синоќа на фестивалот за веселата забава и бројните гости се погрижија музичките ѕвезди Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ.
Вечер настапуваат Димитар Андоновски со Тајфата, Џамбо Агушеви оркестар и балканската мега ѕвезда Северина, која по втор пат гостува на овој Фестивал.
Фестивалската комисија задолжена за селекција на селфи фотографиите кои изминативе денови публиката ги испраќаше на „Фејсбук“ страницата „Pivofestival.mk“ веќе ја одбра победничката фотографија која ќе биде соопштена вечер, а победникот ќе ја понесе големата маскота –мајмунот. 

Повеќе од четвртина од јапонските работници сакат да ги убијат своите шефови

Анкетата што ја спроведе јапонската организација ,,Ширабе” покажала дека 27 проценти од работниците барем еднаш помислиле да ги убијат своите шефови.

Анкетата што ја објавија јапонските медиуми го открива стресот на кој се изложени работниците на работното место. Тие се изјасниле дека барем еднаш во животот им поминала мисла да се справат со шефот. Вкупно 27 проценти од испитаните 1006 работници , мажи и жени на возраст од 20 до 60 години се изјасниле дека имале убиствени намери кон надредените .

Ова особено било изразено кај помладите , кои секојдневно се на удар на строгите норми во работењето на компаниите. ,, Никогаш не би убил некого , но можам да разберам зошто толку многу луѓе се доведени до работ поради начинот на кој со нив се однесуваат компаниите “ , изјавува за британски Телеграф преведувачот Мајао Шибата.

Холивудската ѕвезда го подготвува своето новороденче за на Мундијал

Холивудската ѕвезда , Ева Лонгрија го подготви своето новороденче , старо седум дена за на Мундијал.

Лонгрија , која се породи минатата недела , при крајот на бременоста беше гласен навивач на своето родно Мексико. Таа денеска го облече дури синчето кое има само седум дена во националните бои на својата родна земја , подготвен да навива со мајка си. Така Сантијаго стана еден од најпопуларните , но и најмлади навивачи на Мексико.

Ева на Инстаграм објави фотографија од своето синче облечено во дрес со порака ,,Санти “ и бројот 8.

Меѓу стотиците коментари е и оној од Девид Бекам , кој напиша ,,Најдобра фотографија. Толку сум среќен за вас. Одлична фотографија и горд момент.”

Тивка војна меѓу кралските снаи – Кејт веќе не и помага на Меган

Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага со совети на својата јатрва , Меган Маркл.

Како што пишуваат британските таблоиди , Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага на Меган Маркл со совети за однесување при кралските церемонии. Доказ за тоа е и последниот инцидент , кога Меган се појави на балконот на Бакингамската палата со голи рамења, што не е според протоколот.

Од друга страна , Меган со сите сили се обидува што повеќе да и се приближи на кралицата Елизабета. Според таблоидите , кои се повикуваат наизвори блиски до кралското семејство , принцовите Вилијам и Хари се сосем рамнодушни на ваквиот натпреварувачки однос меѓу нивните сопруги.

притисни ентер