Изложба на Роберт Музил тешка 1200 кг. допатува во Битола за перформанс адаптиран на македонски јазик

Во Битола, директно од Линц, Австрија, допатува изложба посветена на австрискиот книжевник Роберт Музил и Првата светска војна. Изложбата тежи 1.200 кг. заедно со панелите, 6 аудио и 6 видео станици.
 Перформансот е адаптиран на македонски јазик, со превод на текстови и аудио станици, со што е овозможен за прикажување во Македонија. Музил е значајно книжевно име од чие творештво дел е преведено и на македонски јазик.

,,Роберт Музил е значаен писател, бидејќи пишува едно многу значајно дело кое што е преведено и во Република Македонија во рамките на проектот Ѕвездите на светската литература, а тоа е делото ,,Човек без својства,, кое остава длабоки траги во германската јазична литература и кое што е преведена на многу странски јазици.,,- вели Валентина Илиева, почесен конзул на Република Австрија во Република Македонија.

„Човек без својства“ е еден од највлијателните романи на модернизмот, недовршен роман на австрискиот писател Музил, чие дејство се ситуира пред самиот почеток на Првата светска војна, роман за отуѓувањето на книжевниот лик во империјална Австрија. “Нашата цел е да ја презентираме австриската литература во Македонија. Тоа е уште еден начин за развој на соработката меѓу Македонија и Австрија. Културата ги поврзува луѓето.,,”-вели Хајндук Крета, дирекција за култура во покраинската влада на Горна Австрија.

Изложбата е поставена во Заводот Музеј во Битола како дел од Битфест во рамките на проект во соработка со Покраинската влада на Горна Австрија и Дирекцијата за култура.


Заврши трилатералната средба на Могерини со Тачи и Вучиќ

Во Брисел заврши средбата на шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини со претседателите на Србија и на Косово.

Пред заедничката средба , Могерини одвоено се сретна и разговараше со Александар Вучиќ и Хашим Тачи за надминување на проблемите меѓу Приштина и Косово. Во тек е повторно средба на Могерини со Вучиќ , а можно е во текот на вечерта да се одржи и состанок меѓу двајцата претседатели , за потоа сите тројца да имаат уште една рунда преговори. Како што јавуваат српските медиуми , по завршувањето на преговорите е најавена писмена изјава од Европската Комисија .

,, Договорено е сите проблеми да се решаваат на мирен начин , со взаемна почит. Тоа е многу важно за Србите на Косово , за сите граѓани на Србија . разговаравме за тоа да се фокусираме на дијалог , да покажеме дека можеме да разговараме и да поченме да ги решаваме отворените проблеми . Не сум преголем оптимист , но отворивме многу прашања ,”, изјави Вучиќ по средбата во Брисел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека состанокот бил тежок , но станува збор за решавање на стогодишен проблем. ,, Не сум наивен па да мислам дека веднаш ќе пронајдеме итно и магично решение за иднината . Не можеме да останеме жртви на горчливото минато , туку да гледаме кон иднината и придобивките за нашите земји и граѓани “ , рече Тачи кој очекува големи придобивки од ЕУ по нормализацијатан на односите со Србија.

Макрон на удар на јавноста поради фотографија со ЛГБТ група

Францускиот претседател Емануел Макрон е на удар на јавноста , откако денеска на социјалните мрежи беа објавени фотографиите со ЛГБТ музичка група во Елисејската палата.

Претседателот Макрон и неговата сопруга Брижит се фотографирале во Елисејската палата со дел од учениците на отворениот музички ден . На една од фотографиите претседателската двојка е во друштво со ЛГБТ музичка група . јавноста го обвинува за понижување на претседателската функција.

Меѓу најгласните критичари беа политичарите од десницата , како Мари ле Пен која го критикуваше Макрон з аначинот на кој се потсмева со местото каде вообичаено со високи почести се примаат странски државници.

Фотографијата била направена од шефот на протоколот на Брижит Макрон , а потоа објавена на социјалните мрежи . ,, Викајте ме господин претседател “ , напишаа иронично дел од пратениците , алудирајќи на пораката што Макрон им ја упати на младите да се однесуваат кон него со почит.

Најмногу коментари предизвика маицата на еден од музичарите , Киди Смајл на која пишуваше :,, Јас сум син на мигрант , црн сум и геј”.

Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

притисни ентер