Еден давеник и тројца починати во Охрид

Еден давеник, тројца починати на плажа во вода, двајца туристи починаа во прошетка, едниот во манастирот Свети Наум, а другиот на отворањето на фестивалот Охридско лето.
Седум капачи спасителите ги спасиле од сигурно  давење, а веќе имало преку 370 интервенции на охридските плажи.

Ова е црниот билнас на самиот почеток на летната сезона во Охрид. Причините најчесто се недоволно познавање на пливање, ризично однесување на капачите, злоупотреба на алкохол и опојни средства, разлика на температурата на телото и водата, повреда при влегување во вода, истоштеност и  паника.

- Најчесто посекотини, вртоглавица, со топлото време имавме доста инциденти.05 38  Повредно од човечкиот живот нема со него не може да се игра никој ниту институција ниту поединец. Затоа сме тука превентивно да делуваме и да укажуваме, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.

30% од охридските капалишта и ова лето се  небезбедни, а дури 50 % од плажите во Струга немаат спасители. Надлежните повикуваат капачите да ги користат само безбедните капалишта.

- Имаме доста неодговорни онцесионери сето тоа пробавме да го решиме.  Да разговараме со нив и во вид на соопштение со точен приказ на секое капалиште со тоа што му недостасува и дали е безбедно или не го испративме до капетанија на пристаништа и до министерство за транспорт и врски и до локалната самоуправи , вели Точков.

Инспекторите на Капетанија на пристаништа треба да ги казнуваат односно затвораат сите плажи кои немаат услови за безбеден спорт и рекреација на гостите. Сите капалишта согласно законот  мора да имаат обележана водена површина, пунк за прва помош и спасители на вода.

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер