Нова тепачка меѓу Срби во Грција

Тинејџер од Белград, Србија на возраст од 18 години итно со авион е пренесен од Атина во Белград поради сериозни повреди кој ги добил во тепачка на Лефкада со група млади од Нови Сад, пренесуваат српските медиуми.

„На претепаното момче здробена му е дланката, има отворена рана на коленото и во петок ќе биде опериран“, информирале за српски „Блиц“ од Војно медицинската академија во Белград.

Групата млади момчиња од Нови Сад кои се сомничи дека го претепале момчето се уапсени и утре се очекува да бидат изведени пред истражен судија на сослушување во Грција.

Според неофицијални информации тепачката се случила во градот Нидра на Лефкада во раните утрински часови во вторник.

Наводно причина за тепачката била девојката на повреденото момче од Белград.

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили

 Апликацијата „Гугл мапс“ за „Андроид“ и „Андроид авто“ доби надградба што со помош на вештачката интелигенција, ќе нуди попрецизни насоки како да се дојде до најблискиот полнач за електрични автомобили.

Се работи за функции што, според познавачите, ќе овозможат полесна навигација, како и безгрижно и лесно планирање на долги патувања.

ВИ-алгоритмот собира кориснички коментари што содржат точни податоци за локацијата на полначот и како да се стигне до него. Описот може да содржи и дополнителни информации околу времето на чекање итн.

Додека електромобилот е во движење, „Гугл мапс“ ќе може да му предложи на возачот и други станици за полнење во близина. „Гугл мапс“ ќе може да нуди и план за долги патувања, на пр. со повеќе застанувања. Станиците за полнење електрични возила ќе бидат предложувани врз основа на нивото на батеријата, брзината на полначот и достапноста - сѐ тоа во реално време.

Повеќе од 15 членови на семејството Кенеди ќе го поддржат Бајден на претстојните избори

 Повеќе од 15 членови на познатото семејство на поранешниот американски претседател Џон Кенеди ќе ја поддржат кандидатурата за реизбор на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Со овој потег тие ќе се обидат да ја намалат легитимноста на кандидатурата на Роберт Кенеди Џуниор, син на родениот брат на поранешниот претседател Џон Кенеди.

„Можам само да замислам колку би бил ужасен татко ми Роберт Кенеди од неверојатните лаги и однесување на Доналд Трамп“, рече Кери, сестрата на Кенеди Џуниор, додавајќи дека нејзиниот татко се залагал за „еднаквост, човекови права и слобода, токму како што денес тоа го прави претседателот Бајден“.

СЗО загрижена поради големото ширење на вирусот на птичји грип

СЗО загрижена поради големото ширење на вирусот на птичји грип, кој еволуира и развива способност да зарази луѓе, тврди научник.

Светската здравствена организација денеска изрази загриженост поради големото ширење на птичјиот грип Х5Н1 меѓу новите видови, кој развива способност да зарази и луѓе.

„Мислам дека ова останува огромна загриженост“, изјави главниот научник на здравствената агенција на ОН, Џереми Ферар за новинарите во Женева.

Појавата на птичји грип почна во 2020 година и доведе до смрт на десетици милиони живина, при што се заразени и диви птици, како и копнени и морски цицачи.

Кравите и козите се приклучија на листата минатиот месец -- изненадувачки развој за експертите, бидејќи не се сметаше дека се подложни на овој тип на грип.

„Видот А (Х5Н1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни. Се разбира, големата загриженост е што при... инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе цицачи, тој вирус сега еволуира и развива способност да зарази луѓе, а потоа критично да премине од човек на човек“, рече Ферар.

притисни ентер