Антонио Михајлов и Душко Миновски во „Само вистина“ во Вестите во 18 часот

Зошто ЛГБТИ заедницата постојано бара права? Кој им ги „одзема“ правата на членовите на ЛГБТИ заедницата? Зошто мораат да огранизираат геј паради? Можни ли се истополови бракови во Македонија или посвојување на деца од страна на геј припадници? Како ги преживува геј популацијата Хомофобијата и трансфобијата во „Само вистина“ во Вестите во 18 часот дебатираа Антонио Михајлов - Претседател на субверзивен фронт и Душко Миновски - комисија за антидискриминација
Миновски и Михајлов за посвојување на дете од истополови бракови

Миновски: Не би било добро. Има негативни и позитивни примери... Со кое право ние на тоа детенце кое не е полнолетно ќе му приуштиме да расте во истополова заедница

Михајлов: Јас, искрено би сакал, како што зборувате вие да можев и на моите стрејт родители да го преземам тоа дејствување и да можам да бидат стрејт наместо геј. Големи небулози споменавте и не би сакал да дискутирам





Михајлов: Имаме учебници кои содржат хомофобија, имавме случаи каде што на телевизиски шоуа беа полни со хомофобични реторики, каде што комисијата се огради за да утврди дискриминација

Миновски: Сметам дека не сум од тие што не сум компетентен, иако и таму има колеги коишто со години се во делот за човекови права  мава лава





Михајлов: Конкретно за транс - лицата, секако дека тие не би се чувствувале комфортно да бидат изложени на дополнителни проверки од страна на полицајци

Миновски: Затоа на Факултетот за безбедност тие мора да ги опишуваат карактеристиките на тие лица за да утре тие полицајци да знаат каков пристап да имаат





Миновски: Детето е најнезависното суштество, фундаментот на секој систем и мора максимално да го заштитиме

Ние овде зборуваме за ЛГБТИ права и за проблеми на оваа заедница, не зборуваме за нешто сосема друго кое не е во наш домен.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

Островот Лезбос ја спушта рампата за мигранти

 Властите на грчкиот остров Лезбос соопштија дека веќе не се во можност да обезбедат сместување за нови мигранти кои доаѓаат на островот.

Со оглед на тоа дека во кампот за мигранти во моментов престојувале четири пати повеќе лица  отколку што било предвидено.

Две официјални лица од Лезбос за странските агенции изјавиле дека моментално во кампот имало 12 илјади мигранти и дека веќе нема можност за дополнителни сместувања.

притисни ентер